Реклама
Коса

Конечно е откриено – дали ќе се разболиме ако преку зима излегуваме со мокра коса?

Реклама

Нема повеќе заблуди, ова е точната вистина!

Студеното, зимското и сувото време можат да бидат многу големи непријатели на вашата коса и кожа. Ниските температури можат да предизвикаат првут и чешање, иритација на кожата, а последиците од ниските температури и лошата грижа ќе ги трпи и вашата коса.

Маркетинг

Но најпрво, да разјасниме еден од најчестите митови кога е во прашање косата. Од мали слушаме дека не треба да излегуваме со влажна коса надвор. Имаше ужасни приказни кои треба да нè спречат да го сториме тоа, како што се оние за кои ризикуваме „излив на крв во мозокот”, „воспаление на мозокот”, но исто така на белите дробови и сл…

https://www.instagram.com/p/Bq5Ga5_H-SA/

Маркетинг

Експертите тврдат дека ова е мит и најверојатно нема да „заработите ниту настинка” поради мократа коса, но сепак постои добра причина да не излегувате додека се уште ви е влажна во текот на студените зимски месеци.

„Мислете логично, водата се замрзнува и ќе се замрзне и на вашата коса ако излегувате кога температурата се доволно ниски за замрзнување. Тогаш ќе се појават кристали на косата и тие можат да ги скршат нејзините влакна“, објаснува експертот за коса Џена Махоннејат Кеналенд. Со други зборови, вашата коса може да смрзне и да се скрши.

Избегнувајте премногу топла вода

Топла вода ја суши кожата, како и на главата, па треба да ја избегнувате.

НЕ треба да ја миете секој ден

На овој начин ќе ја отстраните природната масна заштита на скалпот, што може да предизвика првут.

Ако имате рамна коса, треба да ја миете на секои два до три дена, исто како и оние со благи бранови во косата. Витканата коса треба да ја миете секои четири до пет дена, и еднаш неделно, оние што имаат крајно кадрава коса.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button