Реклама
Вирално

Конечно, добри вести од Италија – ова буди надеж за цела Европа

Реклама

Во Италија, според најновите податоци, во последните 24 часа се регистрирани 4053 нови случаи на инфекција со коронавирус, што претставува значително намалување од претходниот период.

Сепак, треба да се потенцира дека бројот на заразени пред неколку дена надмина 100.000. Според податоците на италијанската цивилна заштита, само во последните 24 часа починале 837 лица, а 1.009 оздравеле.

Маркетинг

Италија досега има регистрирано вкупно 105.792 лица заразени со коронавирус. До денес, 12.428 луѓе умреле од ефектите на коронавирусот во оваа земја, а 15.729 ја победиле болеста.

Повеќе од половина милион луѓе се тестирале за коронавирус во Италија од страна на медицински персонал.

Маркетинг

Во оваа земја, речиси 30.000 лица се хоспитализирани на коронавирус, а во моментов околу 4000 се на интензивна нега.

Мерките даваат резултат

Италија е првата земја во Европа што воведе драстични мерки за карантин низ целата територија за да го спречи ширењето на вирусот корона.

Забавувањето на ширењето на вирусот Ковид-19 во Италија е добар показател и експертите очекуваат врв на епидемијата во оваа земја да биде во текот на оваа недела, така што наредните неколку дена се клучни во борбата против вирусот.

„Оваа недела и неколку дена потоа се одлучувачки бидејќи ова е временскиот период кога мерките воведени од италијанската влада пред 15-20 дена треба да дадат резултати, а очекуваме да видиме кривата со новозаболени да падне побрзо во текот на следните пет до шест дена , и бројот на смртни случаи неколку дена подоцна“ рече помошник-генерален директор на Светската здравствена организација (СЗО), Раниери Гуера за италијанското радио Капитал.

Според него, забавувањето на растот на нови случаи на заразени „е исклучително позитивен фактор“. Во некои региони на Италија смета дека падот на кривата е близу, па „врвот би можел да биде во текот на оваа недела“.

 

Поврзано

Back to top button