Конечно добри вести – еве кога треба да го очекуваме крајот на епидемијата во Македонија
Најсилниот удар според епидемиолозите се очекува во третата и четвртата недела од епидемијата.
Првиот случај на заболен од корона вирусот во Македонија беше откриен на 26 февруари кога тоа на прес-конференција го соопштија премиерот Спасовски, министерот Филипче и епидемиологот Караџовски.
Во прашање е пациентка која беше позитивна на корона вирусот и беше згрижена на Клиниката за инфективни болести во Скопје.
Таа пред неколку дена замина на домашно лекување, а болеста и беше утврдена откако по вторпат беше тестирана по дијагностицирањето на вирусот откако според насоките и препораките на Светската здравствена организација, соопшти Министерството за здравство.
Во овие моменти сме некаде на почетокот од третата недела и досега успешно ја контролираме епидемијата.
Како што вели познатиот српски доктор Несторовиќ, во Грција во овие моменти епидемијата е сериозна, но тие имаат повисок индекс на УВ зраци, па кај нив најверојатно ситуацијата ќе се среди нешто порано. Според него, постојат и некои добри вести во врска со пандемијата – во едно предградие на Милано, во Италија бројот на нови случаи инфицирани стагнира, што би можело да се рече дека епидемијата полека го достигнува својот врв и почнува да опаѓа.
Во Кина врвот на епидемијата беше во средината на февруари, и од тогаш помина месец и половина, и епидемијата стивнува.
Математички модел на шведски и швајцарски научници укажува дека мај, најдоцна јуни, би можел да биде периодот кога епидемијата ќе почне да заминува, вели познатиот доктор Бранимир Несторовиќ, детски пулмолог и алерголог во Универзитетската детска клиника во Белград.
Што се однесува за ситуацијата во соседна Грција, каде што во овој момент имаат сериозна епидемија, со луѓе кои ги изгубиле животите и голем број инфицирани, според овој доктор, епидемијата таму би можела да стивне во истиот период како и кај нас, а можеби и нешто порано заради повисокиот индекс на УВ зраци. Но тој додава дека не треба да се потпираме премногу на никакви прогнози, бидејќи постојат голем број фактори што не можеме да ги контролираме.
Врвот секогаш е во третата и четвртата недела, што значи во деновите што се пред нас. Досега надлежните и во Србија, како и во Македонија успешно се справуваат и речиси потполно ја контролираат епидемијата, но ситуацијата во следниот период ќе зависи од многу фактори, а еден од нив е доаѓањето на голем број работници од странство за претстојниот Велигден од кои многумина би можеле да бидат заразени.
Што се однесува до бројката на заболени во текот на оваа епидемија, според Несторовиќ проценките се неблагодарни и се уште е рано да се прогнозира. Но како што предупредува тој, кога вирусот ќе влезе во фаза на зголемување на бројот на случаи, како што видовме во другите земји, бројот на заболени би можел да расте и двојно во текот на само еден ден.
Во Македонија на пример, во епидемијата со заушки од 2009 година, во текот на најголемиот пик беа заразени околу 3500 лица, а потоа епидемијата почна полека да опаѓа.
Што се однесува до свинскиот грип, за кој исто така во 2009 година Светската Здравствена Организација пријави пандемија, имаше вкупно заразени 46.670* со тоа што најмногу заболени има во јануари, февруари и март, додека во април оваа бројка почна да се намалува. Што се однесува до бројот на оние што ги изгубиле животите од грип во 2009 година во Македонија, од кога и се води посебна евиденција за оваа бројка според препораките на СЗО, во нашата земја за време на пандемијата имало 22 потврдени cмpтни случаи.
* Епидемиолошки карактеристики на грипот во Р. Македонија Вело Марковски; Милка Здравковска; Васо Талевски; Дијана Шишкова; Ангела Дебреслиоска Факултет за медицински науки – УГД Штип • Петти конгес н микобиолозите на Македонија со меѓународно учество 28-31 мај, 2014- Охрид – поканет пр.