Реклама
Celebrity

КОНЕЧНО ВИСТИНАТА ИЗЛЕЗЕ НА ВИДЕЛИНА: Кија Коцкар откри шокантни детали- еве зошто нејзиниот поранешен сопруг ја откачи Луна!

Реклама

Кристина Кија Коцкар, поранешната сопруга на фолкерот Слоба Радановиќ, за прв пат по три години проговори за раскинувањето на нејзиниот  поранешен и Луна со која тој ја изневеруваше во првата сезона на реалното шоу „Задруга“.

Фото Инстаграм/Кија Коцкар
Фото Инстаграм/Кија Коцкар
Фото Инстаграм/Кија Коцкар

Тие две важат за вечни ривали, иако Џогани сега ужива во бракот со Марко Миљковиќ, со кој ја има и ќерката Мија.

фото инстаргам/Луна Џогани

Кристина вели дека не сака повторно да зборува на тие теми, ниту да одговара на провокации. Таа откри и дека и простила на Луна што сопругот ја изневерил со неа и дека го загубила бракот, но дека на нејзината мајка Анабела никогаш нема.

Маркетинг

– Таа ја започна приказната, а испадна дека сум јас. Веројатно јас како повредена немам право да кажам што имам, а сите други имаат, ама добро. На Луна и простив сè, но не заборавив, додека на мајка и не и простувам ниту заборавам бидејќи знаеше што прави. Луна беше млада, имаше право на живот. Сакав самата да ја завршам таа приказна – изјавила Кија за Свет.

Маркетинг
фото инстаграм/Кија Коцкар
фото инстаграм/Кија Коцкар

-Најмногу беше виновно третото лице, односно мојот поранешен сопруг, но тоа семејство цело време трчашенаоколу и кога видоа дека се зезнале, глупаво беше да го нападнат, па ме нападнаа мене. Човекот со години ми кажуваше бајки, а на неа со месеци. Иако, за мене беше шокантно сознанието зошто ја оставил – рече Кија за Свет и ги заинтересира сите.

Иако јавноста не ја знаеше правата вистина, Коцкар реши да зборува за се што знае.

– Ова е прв пат да го откријам ова. Тоа лично ми го кажа неговиот соработник. Кога ја напушти „Задруга“ за да снима песни, сакаше еден менаџер да му ја води кариерата. Тие разговараа но човекот рече дека ќе го направи тоа, но под услов повеќе да не биде со Луна. Во тој момент сликата за неа во надворешниот свет била многу лоша, а негативните работи би му наштетиле на работата и би биле лоши за неговиот имиџ. Тој веднаш се согласи да ја остави. За многу работи молчам, за ова повеќе нема да молчам. И Луна заслужува да го знае ова – изјавила Кристина.

-Тогаш не стануваше збор за никаква љубов кон мене, како што се шпекулираше, туку само за негова лична корист. Кога го слушнав тоа, бев во шок. Кај него се се врти околу материјалното, а не кон нас две. Дознав за тоа дури по три или четири години. Дури и јас во тој момент помислив дека ме сака и се покајав. Истото го мислеше и Луна. Многу е грдо тоа што мажот веднаш се согласи да ја остави за кариера. Песната „Сањам“, која Анџелина ми ја напиша, гласи „Ме продаваш, откриваш, колку чини славата“. Сега се е јасно – рекла пејачката и открила дека морала да го каже ова бидејќи е „време сите да ја знаат вистината“.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Back to top button