Реклама
Вирално

Конечно вести што сите ги чекавме – познатиот француски научник прогнозира пресврт со коронавирусот. Еве кога ќе се случи тоа

Реклама

Епидемијата на вирусот корона би можела да исчезне откако ќе дојде пролетта и за неколку недели да нема нови случаи.

Ова е охрабрувачка порака испратена од францускиот професор Дидиер Раул кој стана светски познат по третманот со лекот хидроксихлорокин кој се користи против маларија, во комбинација со антибиотикот азитромицин.

Маркетинг

Неговата изјава го изненади целиот свет што се бори против пандемија. Тој истакна дека оваа можност ја објавил и порано.

„Причините се исклучително чудни и вообичаени кај повеќето вирусни респираторни заболувања. Тоа е поприлично банално“, објасни Раул зошто епидемијата одеднаш може да се повлече, пренесува Новости.

Раул го изјави ова во своето видео обраќање, што во последно време преставува негов вообичаен метод на комуникација.

Маркетинг

„За нас, епидемијата постепено исчезнува – е охрабрувачката порака од Раул, кој го поткрепи тоа велејќи дека во неговата Медитеранска инфективна клиника во Марсеј, во екот на епидемијата, во еден ден имало 368 нови случаи, додека денес има од 60 до 80. Тој го опиша ова како значително намалување на детектираните случаи, а како уште позначаен го наведе и податокот колку луѓе доаѓаат на тестирање, а се асимптоматични случаи.

.Д-р Раул ја спореди оваа здравствена криза со некои од претходните епидемии во Франција, истакнувајќи дека стапките на морталитет тогаш биле дури и поголеми – во 1997, 2000, 2009 година, а особено во 2017 година. Тој вели дека со епидемијата треба да се управува што е можно попрофесионално, без страв и грижа, со дијагностицирање, изолирање и лекување на пациенти, за да се избегне повеќе жртви отколку на друго место.

 

Тој, исто така, повторно го пофали неговиот третман со хидроксихлорохин. Тој изјави дека досега неговата клиника извршила 76.768 тестови на 32.083 пациенти, 4.296 биле позитивни, а 2.628 биле лекувани со третманот што тој го препорачува и дека вкупно починале 10 пациенти, што е стапка на смртност од помалку од 0,5 проценти. и тој го претстави тоа како најспектакуларен резултат на светот.

Карантин до 11 мај

Инаку, националниот карантин во Франција останува на сила до 11 мај, изјави деновиве францускиот претседател Емануел Макрон во своето обраќање до нацијата. Тој напомена дека дури тогаш Франција ќе влезе во нова фаза во борбата против вирусот и постепено ќе почне да се отвораат училиштата и места за забава. Макрон исто така рече дека земјата поминува низ ужасно тешки времиња.

Макрон во своето обраќање исто така истакна дека се гледаат знаци кои укажуваат дека пандемија полека забавува, но и дека државата не е целосно подготвена да се соочи со сите предизвици што ги донесе вирусот.

„Ние работиме на посебен план кој има за цел да им помогне на секторите за туризам, култура и забава“, рече Макрон.

„Не бевме доволно подготвени и ќе преземеме одговорност за тоа“, изјави претседателот на Франција. Тој исто така најави дека државата ќе продолжи да им помага на компаниите и работниците погодени од вирусот.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button