Реклама
Наши ѕвезди

Комшивката на познат фолкер од Македонија сите ја споредуваат со Драгана Мирковиќ (фото)

Оваа средношколка со својот талент ги воодушеви сите

Реклама

Мелиса Зијадиќ од прилепското село Лажани беше единствената што помина на аудицијата во Скопје кога Саша Поповиќ ги избираше кандидатите за овогодишното шоу „Ѕвездите на Гранд“.

И очигледно креативниот директор на Гранд и овој пат не погреши и успеа во Мелиса да препознае талентот, што оваа 18 годишна девојка во претходните кругови од шоуто го покажа во шоуто.

Мелиса успеа да се пласира во самото големо финале што ќе се емитува во сабота, на 8 јуни, кога со гласовите на публиката oд 20 феноменални кандидати ќе се избере победникот.

Маркетинг

Принтскрин/ Јутјуб

Но со самото тоа што успеа да стигне до финалето, Мелиса покажа дека е меѓу најдобрите од најдобрите, па вратите да оствари успешна музичка кариера веќе и се ширум отворени (види тука), впрочем како и на сите останати финалисти.

Маркетинг

Потсетуваме, Мелиса е од прилепското село Лажани од каде е и големата музичка ѕвезда, Јашар Ахмедовски со кого се комшии.

Принтскрин/ Јутјуб

Таа е скромна и искрена личност, а нејзин музички идол е Драгана Мирковиќ чии песни најчесто ги изведуваше на грандиозната сцена, по што многумина заради специфичниот глас, но и нејзиниот природен шарм, ја споредуваа со оваа фолк дива.

Принтскрин/ Јутјуб

Мелиса има 18 години и се уште е средношколка, па голема поддршка добива од своите сокласници како и од професорите.

Принтскрин/ Јутјуб

За време на настапите, од бекстејџот често ја бодри и нејзиното момче за кого вели дека понекогаш заедно ги избираат песните.

Принтскрин/ Јутјуб

Инаку, Мелиса е во тимот на Цеца Ражнатовиќ, а со неа во екипата е и Мики Секуловски од Велес.

Принтскрин/ Јутјуб

Во финалето од Македонија ќе ја гледаме и Андријана Петрушовска, која е од тимот на Александар Милиќ Мили и која со својот ментор најавија вистински спектакл за финалната вечер.

Повеќе за ова прочитајте тука

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button