Традицијата на фрлање монети во Фонтана ди Треви беше популаризирана со романтична комедија од 1954 година „Три монети во фонтаната“ со Френк Синатра. Се верува дека туристите што ќе фрлат паричка во оваа фонтана повторно ќе се вратат во Рим.
Кому му припаѓаат парите од познатата фонтана?
Фонтаната на Треви била нарачана од папата Климент XII во 1732 година. Со висина од 26,3 метри и широчина од 49,15 метри, таа претставува најголема фонтана со барокен стил во Рим.
Околу 4.000 евра дневно, или околу 1,5 милиони евра годишно, се собираат благодарение на традиција поврзана со фрлањето на паричка во водата. Почнувајќи од 2001 година, овие средства се донирани на Каритас.
Каритас е добротворна организација на Римокатоличката црква, основана во 1971 година, која преживува благодарение на донациите, а средствата што ги собира им помага на бездомниците и семејствата кои се соочуваат со финансиски потешкотии.
Во 2017 година, градската влада даде предлог да ги пренасочи средствата од Фонтана ди Треви, наместо на Каритас, на градската администрација да ги користат овие средства за рехабилитација на патиштата, како и за социјални бенефиции.
Бидејќи предлогот наиде на голем број критики, одлуката за тоа кој е подобен за парите од фонтаната беше одложен за следната година.
Минатата година градоначалникот на Рим успеа да ги пренасочи средствата во буџетот на градските власти.
Беше одлучено дека од април 2019 година парите ќе се користат за потребите на градот. Сепак, последните извештаи велат дека одлуката е поништена.