Реклама
Вирално

Компанијата што ги прозиведува Киндер јајцата направи невиден лапсуз

Реклама

 

Компанијата Фереро одлучи да повлече серија Киндер јајца.

Маркетинг

Новата играчка во Киндер јајцата е со балони на кои пишува ККК. Тоа ги налути родителите кои ја видоа играчката бидејќи ги асоцира на Кју Клукс Клан, тајната организација основана по завршетокот на граѓанската војна во САД и која предизвикуваше расна и верска нетрпеливост.

Се чини дека италијанската компанија Фереро, која ги произведува култните Киндер јајца во кои е скриена играчка, направи голем лапсуз со новото лимитирано издание на Киндер јајца со која прослави 50 години од своето постоење, пренесуваат светските медиуми.

Маркетинг

Поточно, во новите детски јајца има скриена играчка со мало Киндер јајце што држи три балони на кои пишува “„ККК”. Овие иницијали инаку се користат Кју Клукс Клан – бела група што ширеше расна нетрпеливост во Америка. Поради тоа една мајка од Австралија, која купи Киндер јајцето за својот син, вели дека се чувствува како во новите играчки да има пораки кои детскиот ум не може свесно да ги регистрира.

Фереро веднаш испрати извинување до јавноста.

„Првично дизајниравме само еден балон со буквата К. Но додадовме уште два балони со цел да се зајакнеме играчката, бидејќи безбедноста и квалитетот на нашите играчки ни се од најголема важност. Немавме апсолутно никаква друга намера во создавањето на оваа играчка и искрено се извинуваме на нашите клиенти за нашиот ненамерен пропуст “, велат од компанијата.  Додадоа и дека на никој начин не ја поддржуваат организацијата „Кју Клукс Клан“ и дека ќе ги повлечат од пазарот сите вакви изданија со Киндер јајца.

Поврзано

Back to top button