Реклама
Новости

НЕ РАБОТИ ОФИЦИЈАЛНАТА СТРАНА НА ФК ВАРДАР: Комитите се налутија, клубот веднаш одговори на тенденциозната понуда од Витор Стојанов

Биди на стадионот кога ќе грмне “Море сокол пие”-Нека биде тоа нашиот одговор!

Реклама

Скопските Комите вечрва збеснаа по понудата која што ФК Вардар  ја добил од бугарската фондација „Македонија“ за купување на клубот „Вардар“.

Пристигнала финансиска понуда од прочуениот Виктор Стојанов од бугарската фондација „Македонија“ која шири бугарска пропаганда во Македонија за „еден народ во две држави“ . Тој го контактирал ФК Вардар и испратил понуда за купување на 51 отсто од акциите на клубот.

Маркетинг

Од ФК Вардар јавно ја прикажаа неговата порака од збор до збор и порачаа дека клубот не е на продажба и дека не постои простор за дискусија со луѓе коишто не го признаваат македонскиот идентитет.

„ Ситуацијата е крајно алармантна. До клубот пристигна финансиска понуда од страна на Бугарската Фондација “Македонија”, која што сака да го купи нашиот Вардар, а со тоа и да го смени целиот идеолошки наратив, врз кој 76 години, континуирано се развивал клубот. Нашиот став е дека воопшто не постои простор за дискусија со луѓе кои што не го признаваат македонскиот идентитет, па затоа одговорот ќе го објавиме вака јавно, нека биде тоа одговор на македонскиот народ, кон нечесната и крајно тенденциозна понуда: Вардар не е на продажба!“, се потенцира во напишаното.

Маркетинг

По нивната реакција веднаш се огласи Стојанов:

„Потврдувам дека имавме првичен разговор со секретарот на ФК Вардар – Миле. Муабетот беше дека доаѓаме со 300.000 евра – да го покриеме нивниот годишен буџет за претстојната сезона и да обезбедиме 500.000 евра за следната сезона. Тимот покажа интерес и имавме договор за средба во Скопје, но пред извесно време клубот објави соопштение дека ни ги расипува договорите и претставува клевета кон мене и фондацијата „Македонија““, пишува Стојанов.

„Мислам дека нема сериозна компанија или бизнисмен кој би сакал да го однесе во Вардар доколку раководството на клубот се однесува вака недолично. Сакавме да го спасиме Вардар, но очигледно тимот ќе ја преживее оваа и следната сезона. Жал ми е за раководството на тимот за начинот на кој се обидуваат да се промовираат, и се однесуваат недолично“, вели Стојанов од фондацијата „Македонија“.

Вардар и Комитите пак велат дека на ваквите напади, ќе продолжат да одолеваат само доколку секој од нас ја разбере важноста на купување на членската карта.

„Членската карта е наш одговор и најважно оружје при одбраната на Вардар – народниот клуб, највредното кое го поседува Македонија на спортски план и симболот на нашиот вечен непокор!
Голем е, затоа сакаат да го уништат – голем е, затоа ќе го заштитиме!

Воедно, ги повикуваме сите надлежни институции, особено оние кои подадоа рака“, се нагласува во статусот.

Народот, како што велат, повикува на борба за клубот и сега е време е за акција.

„Членската карта е обврска за сите. Подадената рака значи одговорност!

Биди на стадионот кога ќе грмне “Море сокол пие”. Нека биде тоа нашиот одговор!

Купи членска На сите продажни места на “МК Тикетс”

Онлајн преку линкот:

https://www.karti.com.mk/etickets/TicketList.aspx“ се подвлекува во објавата.

Инаку неодмна најтрофејниот македонски клуб, ФК Вардар, ги започна своите подготовки за враќањето во македонската Прва лига со јасна порака до своите навивачи – купете сезонски билет по симболична цена за да се помогне на омилениот клуб.

Сите собрани финансиски средства, појаснија и тогаш, ќе бидат наменети за функционирањето на клубот.

Во моментив не работи официјалниот сајт на клубот.

А, ова се дел од коментарите  од неговите фејсбук пријатели,кои стојат под објавата на Стојанов.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button