Колку погломазни и погрди, толку подобро – познатите полудеа по овие бесрамно скапи патики
Трендот со обувките кои некогаш беа наменети само за спорт или слободно време не покажува слабости и оваа есен.
Откако Фиби Фило, поранешната креативна директорка на „Celine“, на модната недела во Париз во 2011 се прошета во белите патики „Stan Smith“ од „Adidas“, трендот со носење спортски патиките едноставно не минува, без разлика дали ќе ги носите на излегување, на предавање или на работа. Спортската обувки со годините станаа дел од најмодерните комбинации, а патики во елегантни изданија гледавме и на нозете на најголемите модни икони како Меланија Трамп, Кејт Мидлтон или Брижит Макрон.
https://www.instagram.com/p/BhR2UV7HlBl/?utm_source=ig_embed
И Јелана Розга ги „фура“ овие „грди“ модели
Оваа година најпопуларни се робусните модели кои потсетуваат на патиките за баби и дедовци, а кои можете да ги најдете и на полиците на брендовите како „Louis Vuitton“, „Balenciage“, „Chanel“ и „Gucci“ кои го прифатија трендот и лансираа свои верзии по поприлично солени цени.
https://www.instagram.com/p/BhULJqUH5Bt/?utm_source=ig_embed
Во моментов патиките од „Balenciaga“, „TripleS“, важат за еден од најпродаваните модели за оваа година на страната MatchesFashion.com. Но за нив треба да издвоите околу 520 фунти, а за сличниот модел од француската модна куќа „Louis Vuitton“ треба да искеширате дури и многу повеќе.
Фото: manrepeller
Нивните патики, моделот „The Aftergame“ ги носеше првата дама на Франција, Брижит Макрон. За овој модел треба да издвоите некаде околу 585 фунти, а за моделот од „Christian Louboutin“ дури 1625 фунти.
https://www.instagram.com/p/BhrGf5IgTn-/?utm_source=ig_embed
https://www.instagram.com/p/Bh9cvtNF-F9/?utm_source=ig_embed
https://www.instagram.com/p/Bh9cvtNF-F9/?utm_source=ig_embed
https://www.instagram.com/p/BjH7ScqnDKo/?utm_source=ig_embed