Реклама
Блогерија

Колку новите правила на Инстаграм ќе влијае на заработката на нашите инфлунесерки – дали ќе треба да бараат друга работа?

Реклама

Познатите инфлуенсерки со само една фотографија добиваат милиони лајкови. Тие на овој начин заработуваат, но многумина си го поставуваат прашањето дали новите правила на Инстаграм ќе влијае на нив?

И додека нашите фотографии што ги споделуваме на социјалните мрежи добиваат одвај стотина, а многу ретко и повеќе лајкови, оние на познатите инфлуенсерки секогаш се со многу поголем број лајкови и коментари од страна на корисниците. И тоа без разлика што вашата и фотографијата на девојка која важи за инфлуенсерка е речиси идентична. Но покрај поголемиот број лајкови, таа најверојатно и заработила од својата фотографија.

Маркетинг

Но дали и во иднина ќе биде така?

Имено, земјите како Канада, Ирска, Италија, Бразил, Австралија и Нов Зеланд се првите кои ги воочија новите промени на популарната социјална мрежа Инстаграм. На фотографиите на корисниците објавени од овие земји повеќе не се гледа бројот на лајкови – може да го види само оној што ја објавил фотографијата и никој повеќе. И бидејќи оваа мрежа стана и место каде бројни инфлуенсери заработуваат милионски суми, многумина сметаат дека оваа промена ќе влијае на нивната заработувачка.

А од ваквите промени нема да бидат поштедени ни нашите инфлуенсерки и блогери. Во моментов во Македонија „на Инстаграм нема ништо ново“, односно овие промени се уште не се воведени, но колку и дали тие навистина ќе се одразат на заработувачката на нашите инфлуенсерки?

Маркетинг

Водителката Лила Филиповска важи за најпознатата инфлуенсерка во Македонија. Таа само на Инстаграм има преку 170.000 фанови

Бројни студии покажаа дека оваа социјална мрежа е најопасна за менталното здравје на луѓето, па Инстаграм реши некои работи да промени, а „исчезнувањето“ на бројот на лајкови е правиот чекор во тој правец. Сепак, ова и не мора да значи нешто лошо. Имено ослободени од бројот на лајкови, сега луѓето нема постојано да се споредуваат со другите на оваа популарна мрежа, а и самите инфлуенсери ќе имаат слобода да ги објават и оние фотографии кои претходно, токму поради бројот на лајкови, не ги објавувале.

Имено, кога ќе бидат воведени промените, тие и понатаму ќе можат да соработуваат со своите клиенти – ќе им ја испраќаат статистиката, која и досега не беше видлива за другите луѓе. Но истовремено тие ќе можат да објавуваат и фотографии кои нема да бидат многу лајкувани, но на крајот на краиштата тие ќе бидат покорисни за заедницата – некои цитати, пејсажи, културолошки знаменитости, и што е најважно – своите фотографии, но на кои се онакви какви што се навистина – без да бидат вклучени во трка за бројот на лајкови.

Струмичанката Љупка Митрова има преку 102.000 следбеници

А што се однесува до брендовите, доколку им се допаѓа содржината, тие и понатаму ќе можат да ги контактираат оние што стојат зад одредени профили и да ја добијат нивната статистика. И доколку се задоволни од бројките, и од условите за соработка, сигурно ќе можат да се договорат.

Милионски заработки

Според Форбс, инфлуенсери се сите оние што имаат повеќе од 2000 следбеници. Нивната заработка и заработката на оние што имаат до 100.000 следбеници (во развиените земји) изнесува од 137 до 258 долари по објава.

Според едно истражување спроведено во Соединетите Американски Држави инфлуенсерите кои имаат до милион следбеници можат да заработат и до 10.000 долари и тоа од само една објава, во зависност од платформата. Доколку го поминат прагот од милон, тие бројки одат и до фрапантни суми – од 100.000 до 250.000 од објава.

Во моментот најпознатата млада милијардерка на светот, Кајли Џенер, има преку 144 милиони следбеници на својот профил. Таа од една своја објава заработува (држете се за столчето, да не паднете, ) 1.2 милиони долари!

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button