Диети

Колинда се преполови – ви ја откриваме тајната со која ослабнала преку 20 килограми

Реклама
Реклама

Популарната диета со која хрватската претседателка Колинда Грабар- Китаровиќ ослабна ја имаат пробано и многу познати холивудски ѕвезди.

Хрватската претседателка Kолинда Грабар Китаровиќ од почетокот на мандатот се бореше со вишокот килограми, но целата ситуација се промени откако започна со својата липосукциска диета. Таа забележително ослабна и покажа завидна линија која се уште ја одржува. Во прашање е еден од најпопуларните режими на исхрана на модерното време кој брзо се рашири низ светот и е мошне популарен меѓу познатите. Липосукциската диета е одлична за оние кои сакаат да ослабнат до 10 килограми во релативно кратко време и тоа со помош на секојдневни намирници.

Маркетинг

„Во прашање е прехрана која првенствено се темели на зголемено внесување на здрави масти и протеини. Всушност тоа е лесна медитернска храна – риба и пилешки прсти со маслиново масло и обилни прилози со зеленчук и салати, откри Колнда во интервју за магазинот Глорија.

Маркетинг

„Поради обврските не смеам да бидам гладна, бидејќи во спротивно мозокот не ми функционира како што треба. Признавам, претходно знаев да се тешам со храната, особено со сендвичите по напорниот работен ден, што и ме доведе до вишокот килограми. Но, денес сум горда, бидејќи можам да влезам во маскирните панталони што ги купив пред 10 години во Америка. Многумина ме прашуваат која е мојата тајна, а јас велам дека за мојата добра линија се заслужни движењето и медитеранската исхрана“ додаде таа.

Таа исто така додаде и дека пие исклучиво вода, главно од чешма, го избегнува кафето поради кофеинот и црвеното вино поради интолеранцијата на хистамин. Од маснотиите користи домашно маслиново масло и маслац (но само во мали, ограничени количини), а во фрижидерот секогаш има многу овошје и зеленчук, особено авокадо.

Сосема го исфрлила шеќерот и во нејзината исхрана нема леб.

– Контролирана и уромантожена исхрана. Нема јадење ноќе и мора да се движите – заклучува Колинда.

Основни правила на липосукциската диета

На оваа диета беа и славните Моника Белучи и Џенифер Анистон. Таа трае десет дена, а за време на диетата се пијат протеински шејкови, се зимаат амоникиселини и се јадат исклучиво здрави намирници – месо, риба и зеленчук подготвен на медитерански начин. Строго е забрането да се консумира леб, грисини и благо.

Дозволени намирници се (немрсно) месо, јајца, риба, сирење, млечни производи, газирана вода, сокови од зеленчук, чаеви, ориз и сите грубо мелени житарки, свежо овошје и зеленчук (Колинда јадела многу авокадо!).

Забранети се сите видови на шеќер, индустриско преработено месо, силни зачини, алкохолни пијалаци, кафе без кофеин, газирани пијалаци, кандирано овошје, бело брашно и брашно од соја, органско месо (срце, мозок и изнутрици) и пекарски производи (бурек, кифли и сл).

Правила до кои мора да се придржувате

Секое утро се пие чаша лимонада без шеќер, а навечер шолја чај за варење по ваш избор.

Неопходно е дневно да се пие по два литри вода.

Кафе, лимонада и чаеви без шеќер се дозволени и меѓу оброците.

Телесни активности се забранети.

Ако случајно огладнете и посакате да изедете нешто што се наоѓа надвор од менито, единствен избор ви се свежи краставици (можете да ги зачините со кари и маслиново масло или да направите таратор).

Поврзано

Back to top button