Реклама
Home Sweet Home

Колиби на дрво како од бајките – сакаме и ние вакви во Македонија

Реклама

Дали како мали некогаш сте си играле во колиба на дрво?

Како деца сите сакавме да имаме колиба на дрвото во која ќе си игравме со нашите другарчиња. Некои од нас и ги правеа истите, и потоа на овие скриени катчиња ги минувавме најдобрите моменти со нашите најдобри пријатели. Си ги раскажувавме тајните и ги правевме нашите луди планови. И сега, откако поминаа години и години, сигурни сме дека овие фантазии и спомени ќе ни се вратат доколку поминеме еден викенд на едно вакво место, каде можете да бидете со пријателите или во прегратки со саканиот, додека ве буди сонцето и првото кафе го пиете во зеленило.

Маркетинг

Маркетинг

Да, дефинитивно се вљубивме на прв поглед во овие колиби на дрво кои изгледаат како во бајките. Но за жал тие не се кај нас, а кога би биле некаде на Маврово, Пелистер, Берово, или на било кое друго место во Македонија, сигурно редовно би ги посетувале. Во прашање се куќичките „Tree House Gorski Lazi“ (во секоја од нив можат да се сместат дури четири лица) кои се наоѓаат во близина на Горски Котар , 15 км оддалечени од Националниот пар Рисњак, Хрватска.

Куќичките изгледаат идилично, посебно кога ќе падне мрак, па кога ќе ги вклучите романтичните светилки, а вие уживате на лежалките под отворено небо и заедно со пријателите пиете пиво и гледате во ѕвездите.

Има место за скара, има и интернет, а во склоп на колибата има и балкон од кој гледате на зелената ливада. Вистински рај каков би сакале и кај нас во Македонија!

 

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button