Колешките и се љубоморни – нема да ви се верува колку ќе заработи НАСЛЕДНИЧКАТА на Цеца само за една вечер (ФОТО)

Анастасија Ражнатовиќ, иако веќе одамна е пејачка, дури сега започнува да настапува пред публиката.

Младата пејачка на 12 март ќе настапи во Париз а како што пишуваат медиумите, а овој настап ќе добие 15.000 евра.
И како и голем број светски ѕвезди, и Анастасија ќе добие голем број погодности кога ќе пристигне во Париз, па така ќе има свој приватен шофер на располагање, луксузен хотел, како и сите ситници што ќе ги посака.
Извор близок до пејачката откри дека таа е поприлично возбудена, но и дека доста разговарала со својата мајка која и дава совети и поддршка.
Инаку, Анастасија на својот прв настап ќе оди како слободна дама, бидејќи пред неколку дена нејзиниот ПР тим издаде соопштение дека љубовта со Ѓорѓе Куљиќ по пет години врска е завршена.

Веста дека тие раскинале одекна како бoмба во регионот, а со новата објава на Анастасија можеме да видиме дека таа максимално му е посветена на својот настап. Пејачката вредно вежба во теретана, работи сериозно на своето тело, па на сите покажа како изгледа додека тренира.

„Се враќам на тоа“, напиша Анастасија на Инстаграм додека позираше во црвен топ и хеланки.
Потсетуваме, Анастасија и Ѓорѓе пред само неколку месеци се преселија во нивниот заеднички луксузен стан, но по раскинувањето, Анастасија се врати дома, кај својата мајка, Цеца Ражнатовиќ, а со момчето остана во пријателски односи. Тие се уште се пријатели и на социјалните мрежи.
Фото: Инстаграм/ Анастасија Ражнатовиќ
https://www.instagram.com/p/CZmnecVPYCR/
https://www.instagram.com/p/CZSTPXZMKqm/
https://www.instagram.com/p/CVs9s7Fse41/
https://www.instagram.com/p/CT7GX2zsCFy/
Фото: Инстаграм/ Анастасија Ражнатовиќ
Фото: Инстаграм/ Анастасија Ражнатовиќ
Фото: Инстаграм/ Анастасија Ражнатовиќ
Фото: Инстаграм/ Анастасија Ражнатовиќ
Фото: Инстаграм/ Анастасија Ражнатовиќ
Фото: Инстаграм/ Анастасија Ражнатовиќ
Фото: Инстаграм/ Анастасија Ражнатовиќ
