Наши ѕвезди

Колешката од „Ѕвездите на Гранд“ се соблече, Мики Секуловски ужива – што прават победниците денес?

Еве како уживаат новите омилени Гранд ѕвезди по големиот успех што го постигнаа во популарното шоу

Advertisement

Победничката во издание со кое ги воодушеви фановите

Шејла Зониќ, победничката од последната сезона во „Ѕвездите на Гранд“, се соблече во костим за капење и ги воодушеви сите.

Advertisement

Талентираната пејачка која што ја освои титулата во шоуто во кое второто место го освои Мики Секуловски, а третото Андријана Петрушовска, повторно триумфираше, но овој пат на Инстаграм и во малку поинакво издание.

Имено, занесната Шејла сподели видео на Инстаграм од кое можеме да видиме како ужива во базенот и се разладува.

Advertisement
Инстаграм/ Андријана Петрушовска

Облечена во дводелен црн модел на костим за капење таа блескаше и не ја тргаше насмевката од лицето додека се снимаше.

Инстаграм/ Шејла Зониќ

По некое време се огласи и нејзината менторка Светлана Цеца Ражнатовиќ која меѓу првите ја лајкуваше оваа објава.

Инстаграм/ Шејла Зониќ

„Не се откажувам од своите соништа, понекогаш само малку се одмарам“, напиша Шејла под објавата на Инстаграм, под која следуваа бројни коментари и комплименти на сметка на нејзиниот изглед.

Инстаграм/ Шејла Зониќ

Инстаграм/ Шејла Зониќ

Инстаграм/ Шејла Зониќ

Потсетуваме, Шејла заедно со Мики Секуловски уште пред големото финале беа најголемите фаворити во „Ѕвездите на Гранд“.

Инстаграм/ Шејла Зониќ

Тие и двајцата беа во тимот на Светлана Цеца Ражнатовиќ, а со нив во екипата беше и Македонката Мелиса Зијадиќ.

По финалето, Мики не криеше дека е презадоволен од резултатот, но и отворено зборуваше за неговата колешка која што победи.

Тој тогаш искрено призна дека му е драго што таа победила бидејќи била една од најдобрите кандидати, но и од неговиот тим.

Повеќе за ова прочитајте тука

Принтскрин/ Ѕвездите на Гранд

Наскоро изненадување од нашите ѕвезди

Инаку, колешката на Мики и Шејла, Андријана Петрушовска која го освои третото место, деновиве ги израдува сите кога откри дека на 30 јуни ќе одржи концерт во Драчево, на овој начин сакајќи да им се одолжи на своите бројни обожаватели што гласаа за неа во финалето.

Инстаграм/ Андријана Петрушовска

На концертот специјални гости ќе и бидат токму колегите од „Ѕвездите на Гранд“, Мики Секуловски и Александар Јосифовски.

Повеќе за ова тука

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Advertisement

Поврзано

New Ad
Back to top button