Реклама
Трендови

Колекција за која полудеа трендсетерките од целиот свет – зимски модели со кои манекенките ги запалија модните писти

Реклама

Неверојатни модели на популарните puff јакни

Популарниот Мишелин Mен беше инспирација за едно од најсаканите парчиња облека – популарните „puff“ јакни.

Маркетинг

Куклата Мишелин Мен беше избрана за икона на овој милениум на Њујоршката недела за адвертајзинг. Неговото карактеристично хоризонтално шиење неверојатно потсетува на „puff“ јакните кои во последните неколку сезони се враќаат на голема врата во светот на модата.

Целата приказна со враќањето на овој тренд започнува со „House of Genius“ во Сохо кога при крајот на 2018 година овие јакни беа ставени во преден план.

Маркетинг

https://www.instagram.com/p/BuOkNL3FGZM/?utm_source=ig_embed

 

Тоа можеме да го видиме и во Moncler Genius проектот, каде дизајнерот Пјерпаоло Пиколи претстави неочекувана реинтерпретација на незаборавното парче. Тој всушност создаде вистински уметнички дела – јакна со пердуви станува чанта за секојдневно носење, вечерен фустан, уметничка скулптура, спортска чизма…

https://www.instagram.com/p/BuJJxi5FFpT/?utm_source=ig_embed

 

Погледнете ги неговите неверојатни модели…

А еве ја и 48 годишната манекенка Наоми Кемпбел во капут-јакна од „Moncler“ кој важи за едно од највпечатливите парчиња што сме ги виделе за оваа сезона.

Во прашање е долг капут од новата колекција „Moncler 1 Pierpaolo Piccioli“ кој чини како еден добар половен автомобил, односно околу 4000 долари.

Капутот „Agnese“ како и сите останати модели од овој култен бренд е мошне популарен меѓу познатите дами. Тој и дава нота на сериозност, но и спортски дух во стилот на Наоми која целото издание го заокружи со црни високи чизми над колена и хеланки во иста нијанса.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button