Колегите на Тоше се уште тaгyваат, некои објавија досега невидени фотографии: „И овој октомври нема боја откако си замина“

Тоше Проески беше еден од омилените пејачи и тоа не само кај публиката, туку и меѓу своите бројни колеги.

Многумина од нив секоја година со емотивни зборови го одбележуваат денот кога се случи тpaгичниот настан.
Тој беше обожаван од сите колеги, а оваа година со емотивни пораки меѓу првите се огласија Тони Цетински и Калиопи.
Тони истакна дека и по 14 години не може да зборува за тpaгедијата која што го потресе целиот Балкан.

Тешката сooбpaќајна нecpeќа се случи на 16 октомври 2007 година, во Хрватска, кога пејачот со ангелски глас го изгуби својот живот.
„И денес по четиринаесет години подоцна, тешко ми е да зборувам за Тоше, како и првиот ден кога тоа се случи. Со неговото заминување повеќе ништо не е исто, а со секој ден, месец и година се повеќе недостига, не само на мене, туку мислам на сите нас кои имавме привилегија да го познаваме, да се дружиме, заедно да работиме, а се веселиме, да тагyваме“, пишува хрватскиот пејач Тони Цетински.

„Искрено верувам дека од овој заминал на подобар свет, но благодарение на неговите дела и пред се на човечките врлини и скромноста, останува засекогаш како доказ и еден од оние кои ја враќаат вербата во човечноста и Господ. Сигурен сум како на некој свој начин бдее и не чува со сето она што го постигна во животот, бидејќи беше и остана ангел на добрината“, напиша Цетински на социјалните мрежи и додаде:
„Ќе го сакаме засекогаш, а се што заедно планиравме знам дека ќе го надоместиме кога ќе се сретнеме на некојa полјана, горе во универзумот“.

„Засекогаш во срцето“, напиша познатиот пејач.
Потоа се огласи и Калиопи:
И овој октомври нема боја откако си замина засекогаш. Единствената боја е во спомените, во твојот божествен глас кој го остави во своите песни, да не потсетиш дека ништо не е минливо, затоа што смртта не е крај. Некако си тука, како и никогаш да не си заминал“, напиша пејачката.

Во чест на нашата прерано згасната ѕвезда и оваа година ултрамаратонците ќе го трчаат својот маратон за да на 16 октомври стигнат во родното Крушево на Тоше и неговото вечно пoчи-вaлиште, на Гумење, за да му оддадат почит на големиот музичар и хуманитарец.

На 16 октомври во Спомен-куќата на Тоше на Гумење ќе се одржи изложба, а таму веќе е поставена и кутија за донации на посетителите.

Хуманитарната акција ќе трае до 25 јануари 2022 година, кога е и роденденот на Тоше Проески.

По повод 14-годишнината од зaгинyвањето на Тоше Проески, во Крушево се очекува пристигнувањето на неговите фанови од земјава и од странство кои ќе го посетат неговото вечно почивалиште на Гумење во Крушево, спомен-обележје подигнато во негова чест и спомен.
Фото: Фејсбук/ Тоше Проески
Фото: Фејсбук/ Тоше Проески
Фото: Фејсбук/ Тоше Проески
Фото: Фејсбук/ Тоше Проески
Фото: Фејсбук/ Тоше Проески
Фото: Фејсбук/ Тоше Проески
Фото: Фејсбук/ Тоше Проески
Фото: Фејсбук/ Тоше Проески
Фото: Фејсбук/ Тоше Проески
Фото: Фејсбук/ Тоше Проески
Фото: Фејсбук/ Тоше Проески
Фото: Фејсбук/ Тоше Проески
Фото: Фејсбук/ Тоше Проески
