Реклама
Наши ѕвезди

Коки повторно се разведува?

Реклама

Коки по втор пат се разведува?

Естрадниот магазин „Бекстејџ“ пред неколку дена ги објави гласините дека Никола Јанков Коки кој беше дел од дуото „Дуле и Коки“ се разведува од неговата сопруга.

Маркетинг

Имено, Коки пред да заплови во брачните води со адвокатката Mаја Перговска веќе имаше еден брак зад себе со неговата прва сопруга Росана со која беше една деценија во брак.

Тие од овој брак ја имаат ќерката Лара.

Маркетинг

Нивниот развод помина без поголеми проблеми, а Коки откако се разделија се отсели од нивниот стан.

Тој набргу потоа замина да живее со Маја со која беше во врска пред да се ожени со Росана.

Тие по 11 години повторно се сретнале, а по некое време решија да ја крунисаат нивната љубов со брак. Тие склучија граѓански брак и не направија голема веселба, иако некои медиуми објавија дека направиле интимна свадба.

Коки овие информации тогаш ги демантираше и изјави дека не била во прашање свадба, туку прослава на роденден

Бекстејџ деновиве објави дека Коки немал среќа и овој пат, со неговата нова сопруга, па по неколку месеци решиле да се разделат и во тек е бракоразводна постапка.

Како што објави Бекстејџ, тие решиле да се разделат по низа расправии и несогласувања на кои сведочеле и соседите.

.

Поврзано

Back to top button