Како по пренесуваат дел од македонските медиуми, Коки и Маја склучиле граѓански брак и не правела свадба.
Имено, Коки неодамна се разведе од неговата поранешна сопруга Росана Јанков со која во последните неколку години од бракот не беа во добри односи.
Информациите дека Никола Јанков Коки кој беше дел од дуото „Дуле и Коки“ повторно тајно се оженил прв ги објави Бекстејџ, а потоа и музичарот на својот профил на Фејсбук го промени својот љубовен статус.
Коки неколку месеци беше во врска со неговата поранешна девојка, адвокатката Маја Парговска од Скопје, со која неодамна решија да ја крунисаат нивната љубов со брак. Но како што тврди познатиот пејач и виолинист, тајна свадба немало, ниту пак ќе има, а прославата за која некои медиуми објавија дека била свадба, всушност била само роденденска прослава на неговата сегашна сопруга.
Инаку, Коки 10 години беше во брак со Росана и од овој брак ја има ќерката Лара. Нивниот развод помина без многу скандали, а Коки откако се разделија се отсели од нивниот стан и замина да живее на друга локација.