Кого го очекува голема промена, а кого големи искушенија до крајот на годината? Ова се најпогодни временски периоди за љубов и планови на тоа поле.
Овен
Оваа година љубовта нема да ви биде на прв план. Фокусот ќе ви биде на личниот развој и професионалниот живот. Најпогодните периоди за љубов ќе ви бидат од 29-ти јули до 21-ви август и од 2-ри до 26-ти ноември.
Бик
Во зависност со кој сте, саканата личност ќе ве разбере и ќе го прифати вашето чудно однесување. Најповолен период за љубов ќе ви биде од 16-ти мај до 9-ти јуни. Другите периоди ќе бидат од 22-ри август до 14-ти септември и од 27-ми ноември до 20-ти декември.
Близнаци
Оваа година ќе ви се пружат неколку можности за брак и за партнерство, а на вас останува само да ги забележите. Најдобри периоди за ова ќе бидат од 10-ти јуни до 3-ти јули. Повторно ќе имате добар период од 15-ти септември до 8-ми октомври и од 21-ри декември до крајот на годината.
Рак
Ќе бидете во искушение во кое ќе барате сериозност, зрелост и паметен пристап за решавање на проблемите. Најдобрите периоди за љубов ќе ви бидат од 4-ти до 28-ми јули и од 9-ти октомври до 1-ви ноември.
Лав
Оставете го минатото во минатото и продолжете со високо крената глава и којзнае, можеби ќе најдете нова љубов. Најдобриот период за љубов во 2019-та година ќе ви биде до 15-ти мај, од 29-ти јули до 21-август и повторно од 2-ри до 26-ти ноември.
Девица
Пред да направите што било, погледнете кон каде се движите и внимавајте на лошите и себични личности. Најдобри периоди за љубов ќе ви бидат од 16-ти мај до 9-ти јуни, од 22-ри август до 14-ти септември и од 27-ми ноември до 20-ти декември.
Вага
Мирот што долго сте го очекувале ќе го почувствувате оваа година. Појасно ќе размислувате за луѓето кои доаѓаат во вашиот живот. Љубовта најмногу ќе ја почувствувате од 10-ти јуни до 3-ти јули, од 15-ти септември до 8-ми октомври и од 21-ви декември до крајот на годината.
Скорпија
Изминатава година сте почувствувале дека постои можност за некакви променливо меѓусебните односи и оваа година ќе треба да ги прифатите. Можни се и неколку неочекувани романтични средби. Најдобар период за љубов ви е од 4-ти до 28-ми јули и од 9-ти октомври до 1-ви ноември.
Стрелец
Оваа година сите врати ќе ви бидат отворени, вклучувајќи ја и онаа на љубовта. Најдобри периоди за љубов ќе ви бидат од 15-ти мај, од 29-ти јули до 21-ви август и од 2-ри до 26-ти ноември.
Јарец
Преиодов веројатно ќе се покажете како добар партнер, а ако сте сами можно е да му дадете поддршка на друг пар. Најповолни периоди за љубов ќе ви бидат од од 16-ти мај до 9-ти јуни, од 22-ри август до 14-ти септември и од 27-ми ноември до 20-ти декември.
Водолија
Ако сте сами, многу време ќе поминувате со пријателите и познаниците, а од овде може да се роди некоја нова љубов. Најповолните периоди за љубов ќе ви бидат од од 10-ти јуни до 3-ти јули, од 15-ти септември до 8-ми октомври и од 21-ви декември до крајот на годината.
Риби
Вашиот љубовен живот ќе се развива на позрел начин, но ќе остане простор и за вашите мали лудувања. Најповолни периоди за љубов ќе бидат од 4-ти до 28-ми јули и од 9-ти октомври до 1-ви ноември.