Кои се девојките што на дечињата што просат на скопските семафори им поделија пакетчиња?
Големо БРАВО за овие девојки
Две млади девојки од Скопје ги изненадија дечињата што просат на семафорите. Тие им поделија новогодишни пакетчиња и ги израдуваа.
Во прашање се Верче Крстевска и Маргарет Курт кои се дел од хуманитарната организација Стопли срце. Тие додека се возеа низ градот ги сретнаа дечињата што просат на семафорите и решија да им подарат пакетчиња.
„Не го поддржуваме воопшто питачењето по улици, но да не ги заборавиме и децата кои секој ден ги гледаме на семафорите. Тие деца сигурно не се по нивна желба таму каде што се. Денес сакавме да ги стоплиме нивните срца. Денес им поделивме пакетчиња на овие деца. И може наместо да оставете пари во иднина носете чоколадо и дајте го на овие деца со тоа нема да ги поддржувте во питачењето, но ќе ги озра6дувате со чоколадо. Денес нивната среќа беше преголема. Им кажавме дека Дедо Мраз уште не стигнал со санките зошто нема снег па не прати нас да ги израдуваме. На нивната радост им немаше крај ?❄☃️?❄❄“, пишува под фотографиите на официјалната Фејбсук страна на Стопли срце.