Интервју

Кои се двете најголеми љубови во животот на Влатко Алексовски

Промените се нормална, нужна и природна работа! Но, за секоја промена треба доблест и храброст -вели пеачот Влатко Алексовски за Гламур

Реклама
Реклама

Тој е долго време на македонската фолк сцена, но исто така и  претседател на македонската Ловечка Федерација. Успева да менаџира добро и во двете сфери. Останал во родната Крива Паланка бидејќи е локал патриот. Од неодамна го смени имиџот,  а за тоа дали повторно би седнал на водителската фотеља, вели никогаш -не вели никогаш. Среќен го прави тоа  кога може другите луѓе да ги направи среќни- искрено Влатко Алесковски, естраден пеач и претседател на Ловечката Федерација

Долго време успешно ја негувате и пеете македонската песна, но и  успешно застанавте  на чело на македонската ловечка федерација. Како ги споивте овие две работи?

Музиката и ловството се моите две најголеми љубови во животот. Дијаметрално спротивни области и токму тоа е најважниот момент, клучот за успех во двете области, бидејќи временски активностите во музиката и во ловството не се поклопуваат!  Музичките активности се претежно навечер, поаѓајќи од снимањата па се до настапите, додека активностите во ловството се денски и тоа во одбрани денови. После музичките настапи, најубаво е да излезеш на лов, во убавата природа и да уживаш во сите нејзини убавини и да се надишеш  чист воздух. Па токму после музиката, ловот ми доаѓа како еден ,,издувен вентил”  за да соберам енергија за понатамошните активности.

Маркетинг

За што всушност се залагате како претседател?

Како Претседател на Ловечката Федерација на Македонија, која е најголемата и најстара граѓанска организација во Македонија, се залагам за унапредување на ловството, согласно меѓународните трендови во оваа област, негување на вековната ловечка традиција, базирана на ловечката етика и морал, правилен однос кон природата и нејзината заштита, одгледување, заштита и збогатување на фондот на дивеч, богата меѓународна соработка и обединување меѓу ловците врз база на дружење и пријателство

Иако многу Ваши колеги се преселија во Скопје Вие останавте во Вашата родна Крива Паланка. Што Ве врзува за овој град?

Да, останав во родниот крај, бидејќи сум локал патриот, си го сакам родниот крај, ги сакам мојот народ и уживам во сите убавини што ги има североистокот на Македонија и докажав дека и од периферијата можеш да дејствуваш и да бидеш успешен.

Маркетинг

Снимивте многу песни и дуети во Вашата кариера. Што мислите за фолк сцената кај нас, како стојат работите?

Релативно имам богат опус на песни, околу 70 новокомпонирани, меѓу кои три дуети со Благица Павловска, еден со Марјан Коцев и еден со Елена Велевска, но генерално за музичката сцена во Македонија ќе кажам дека и недостигаат финансиски вложувања, за да се подигне квалитетот во секој поглед, а со тоа и естрадата да биде помоќна.

Која од песните Ви е најдрага?

Неблагодарно е еден пејач сам да фаворизира една своја песна, таа селекција треба да ја направи публиката, но ќе спомнам неколку, кои ја одбележаа мојата досегашна кариера: ,,Опа нина моме”, ,,Дрво и камен”, ,,Многу љубови”, ,,Свекорот е главен”, ,,Ожени се сине”, ,,Песната за Крива Паланка”  и други.

 

Пред извесно време го сменивте имиџот, ја скративте косата, зошто донесовте таква одлука иако бевте препознатлив по долгата коса?

Промените се нормална, нужна и природна работа! Но, за секоја промена треба доблест и храброст! Едноставно реков доста е…сакав да сменам нешто, сменив и од реакцијата на публиката и сите мои блиски луѓе мисла дека го направив вистинскиот потег.

Што правите кога немате настапи, имате ли некое хоби?

Кога немам настапи одам на лов☺

Што Ве прави среќен?

Среќен ме прави кога можам да направам и другите да бидат среќни! Со песна ги расположувам луѓето, ги забавувам и се трудам да се чувствуваат расположени, весели и среќни. А од личен аспект, среќен ме прави моето семејство, искрените пријатели и сите успеси на приватен и професионален план.

Пред околу 10 тина години имавте и еден проект каде бевте во улога на водител, дали можеби повтoрно би се одлучиле на ваков предизвик се со цел повеќе место да им се даде на колегите и Вас за промоција на музиката?

Па да, тоа беше еден убав проект, кој го оценувам како успешен и идејата за негов старт беше токму желбата да се отстапи поголем  медиумски простор за музиката и секој уметник да има каде да го презентира својот музички капитал. За ништо не велам ,,никогаш”, можеби пак ќе седнам во водителската фотеља.

Што можеме да очекуваме следно на музички план?

Бидејќи сум трудољубив, секогаш работам нешто ново! Моментално работам две нови песни, во две различни студија, едната ја работа со Професор Игор Трајковски од Куманово и ја снимам во неговото студио ТРИМЕЈ, а втората ја работам со маестро Сашо Митковски во неговото студио МИТКОВСКИ во Крива Паланка. Летото ќе го искористам за снимање на два спота, а секако дека на музичките настапи ќе бидам редовен

 

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button