На сите ни е јасно дека добриот сон е важен за функционирање и здравјето на нашето тело
Покрај тоа што ќе изгледаме поубаво, откако ќе се отспиеме се чувствуваме како нашите батерии се полни за нови предизвици. Но стресот и проблемите можат да го нарушат нашиот мирен сон и да не доведе до ситуација неколку ноќи по ред да не можеме да заспиеме.
https://www.instagram.com/p/Bm6G2xUFmQc/?tagged=beauty
Сепак, понекогаш и кога не се во прашање овие две опции можеме да имаме проблем со несоница, а за тоа можат да бидат виновни и нашите „бјути“ навики.
Имено мирисите и состојките во кремите и маслата што ги користиме се мошне важни за мирниот сон, па така ако користите крема, млеко за тело или масло кое во себе содржи ментол, лимон или цимет, ќе се разбудите и поприлично ќе се намачите за да потонете во сон.
https://www.instagram.com/p/Bm6OIj3gSye/?tagged=beauty
Кои производи е најдобро да ги користиме навечер, а кои наутро?
Од друга страна пак мирисот на лаванда, ванила и јасмин може да ве смири и успие па би било подобро да користите производи со овие мириси навечер, а производите кои содржат лимон, ментол и цимет, наутро. Тие истовремено можат да ви бидат и одличен будилник.
Мирисот исто така кој е погоден за вечерна нега е сандаловина, а за утринско будење еукалиптус и рузмарин.