Кога ќе видите што носеше оваа девојка при посетата на музејот Лувр во Париз веднаш ќе ви стане јасно зошто е исфрлена!
Австралиската манекенка и блогерка која тврди дека и забраниле да влезе во музејот Лувр во Париз бидејќи носеше фустан кој открива премногу, доби голем број негативни коментари на социјалните мрежи.
Манекенката Невша Саје има 25 години и е ѕвезда на социјалните мрежи. Таа неодамна на својот профил ја истакна својата фрустрација затоа што не и дозволиле да влезе во познатиот музеј, споделувајќи фотографија на која се гледа во кратко сечен полупроѕирен фустан.
Таа напиша дека инцидентот од минатата недела ја оставил потполно „скршена“, но повеќето корисници на социјалните мрежи и порачаа дека таа навистина беше неприкладно облечена за посета на музејот. Некои дури и порачаа дека изгледа како работничка во секси индустријата.
Невша покрај фотографијата го објави и кодекстот за облекување на Лувр каде не стојат строго одредени правила (дадени во продолжение) и револтирана на обезбедувањето бараше поддршка од обожавателите.
Но нејзината постапка не наиде на одобрување.
„Дефинитивно не си облечена соодветно за Лувр, тоа е отмено место. Ти си убава девојка, не ти е потребна таква облека за да дојдеш до израз. Преставуваш се што е ужасно и нарцисоидно кај инфлуенсерките на Инстаграм – пронајди го животот! Изгледаш како да си се облекла за улицата на црвените фенери наместо за музеј. Ти си само мамка за кликови, без култура и без смисла за пристојно однесување и почитување на културните институции“ стои во еден од коментарите под нејзината фотографија на социјалните мрежи.
https://www.instagram.com/p/Bp_dyUzAA7v/?utm_source=ig_embed
Што мислите вие, дали оваа девојка е соодветно облечена за посета на музеј или не?
https://www.instagram.com/p/Bp5WPQQg8MI/?utm_source=ig_embed