Кога ќе видите како Пријовиќ го облече бебето за роденденот на Филип ќе се стопите
Александра Пријовиќ му приреди вистинско роденденско изненадување на својот сопруг Филип Живојиновиќ.
Пејачката и посинокот на Лепа Брена се заколнаа на вечна љубов минатата година, додека овој март се остварија во улога на родители. И токму нивниот син, малиот Александар неговата позната мама реши да го облече во нешто со кое ќе го воодушеви својот сакан.
Имено, Александар беше облечен во боди на кое пишува – „Tато, јас сум твојот најубав подарок. Среќен роденден. Те сакаме мама и јас“.
Филип не можеше да остане рамнодушен на ваквиот подарок, па на Инстаграм веднаш објави фотографија под која напиша:
„Најдрагиот подарок на тато“.
Прославата на роденденот беше во еден познат белградски ресторан, а Александра на истиот се појави во краток бел фустан кој и стоеше феноменално. Таа за цело време не ја тргаше насмевката од лицето, а непосредно пред роденденската забава, ја објави и првата фотографија од малиот Александар со која ги воодушеви фановите.
„На мама немирните ножињa“, напиша таа под фотографијата.