Реклама
Наши ѕвезди

Кога љубовта ќе победи – Емина му се врати на Мустафа. Нивните деца се најсреќни

Реклама

Турските и српските медиуми деновиве објавија дека Емина Јаховиќ (37) откако раскинала со турскиот милијардер Садетин Саран (55) решила да му се врати на својот поранешен сопруг Мустафа Сандал (49).

Фото: Инстаграм/ Емина Јаховиќ

Ваквите гласини ги подгреаја и најновите фотографии на кои пејачката позира со својот поранешен и нивните синови.

Фотографиите Емина ги објави на својот профил на Инстаграм и се направени во авион, но засега не е позната дестинацијата на која што заминале.

Маркетинг

Од фотографиите можеме само да видиме дека сите се расположени, среќни и насмеани, а највесели се нивните деца.

Фото: Инстаграм/ Емина Јаховиќ

Набргу откако се појавија првите фотографии, Емина објави и видео, а потоа се огласи и познатиот турски пејач.

Маркетинг
Фото: Инстаграм/ Емина Јаховиќ

Но неговата објава е малку поинаква.

Имено, од неа можеме да видиме дека Емина гледа во телефонот и воопшто не обраќа внимание на поранешниот.

Фото: Инстаграм/ Мустафа Сандал

Како и да е нивните заеднички фотографии ги подгреаја гласините дека Емина и Мустафа се смириле.

Фото: Инстаграм/ Емина Јаховиќ

Оваа вест тие досега ја немаат потврдено, но ја немаат ни демантирано, така што засега не е познато што навистина се случува меѓу нив.

Но она во што сме сигурни е дека нивните деца во овој момент се најсреќни. А и тоа е единственото нешто што е важно…

 

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button