Реклама
Вирално

Кога ја родила, мајката ја обвиниле дека го изневерила мажот: По 12 години следуваше чудо, нема да ви се верува

Реклама

Девојчињата Асел и Камила Калганова се вистинска сензација во Казахстан и полека но сигурно сестрите стануваат познати и ширум светот. Популарноста ја должат на фактот дека двете се албино, иако се родени со разлика од 12 години.

Четиринаесетгодишната Асел е многу барана како модел во татковината поради изгледот и несекојдневната физиономија, а по сличен пад, иако е малечка тргна и двегодишната Камила.

Маркетинг

И додека тие две се потполно бели и со многу светла коса и веќи, нивниот брат Алдијар (8) има традиционален изглед на Казахстанец, па многумина беа скептични околу тоа кој навистина им е татко.

Маркетинг

Дури и Ајман Саркитова (38), мајката на овие девојчиња, била шокирана кога ја родила постарата ќерка, а лекарите предизвикаа своевиден скандал кога ја обвинија дека татко всушност и е некој Русин.

„Кога ја родив Асел, генетиката овде не беше премногу развиена. Дури сега се развива. Докторите беа шокирани и беа уверени дека во себе има руска крв. Кога почнав да ја проучувам нејзината состојба, дознав дека всушност е албино. На почетокот сите беа изненадени и фрапирани. Не знаев што да правам, како да живееме со тоа, раскажува нејзината мајка.

Асел почнала со моделинг кога наполнила 10 години, а заедно со Камила се уште поатрактивни и интересни за брендовите и кастинг компаниите. Вели дека мора многу да води сметка за кожата од просечен човек, како и да избегнува изложување на сонце.

„Ако попладне излезам надвор, морам да ставам крем за сончање со фактор, со облека да го заштитам телото, да носам шешир или дури и чадор. Навечер ми е полесно, кога нема сонце“, објаснува девојчето.

Нејзината мајка објаснува дека албино децата по ништо не се разликуваат од другите, иако околината тешко ги прифаќа.

„На почетокот беше тешко, сите деца зјапаа во Асел. Сега се чувствува подобро, а ние не ја ограничуваме во ништо. Ја охрабрувам да запознае други албино тинејџери и со нив да дискутира за заедничките проблеми“, заклучи нејзината мајка.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button