Наши ѕвезди

Кога ја пеам песната плачам бидејќи е за ќерка ми – Тамара Тодевска со насолзени очи зборуваше пред камерите за Евровизија

Advertisement

„Плачам бидејќи е за ќерка ми, многу ми недостига. Песната и ја посветувам нејзе, таа беше мојата инспирација“, вели Тамара Тодевска во нејзиното интервју за „Eurovoxx“.

Advertisement

Тамара Тодевска не можеше да ги контролира емоциите одека зборуваше за својата ќеркичка Хана и евровизиска песна која ѝ ја посветува нејзе. Во нејзиното интервју снимено во Тел Авив каде што интензивно течат подготовките за годинешниот натпревар, Тамара отворено призна дека плачела цело време додека ја снимала песната „Proud“.

„Плачев цело време додека ја снимав песната. Бев многу емотивна и нормално е публиката да ја чувствува таа емоција, бидејќи јас давам сè од себе, душата, срцето, секоја солза на таа песна. Плачам бидејќи е за ќерка ми, многу ми недостига. Навистина ми недостига. Песната е за неа, таа беше мојата инспирација“ – вели 33-гоишнаа Тамара.

Advertisement

 

Само да потсетиме, за победа на евровизиската сцена ќе се борат натпреварувачи од 41 земја, а најголеми фаворити според обложувалниците се Холандија, Русија, Швајцарија, Италија и Шведска. Тамара по првата проба направи скок од три места на овие листи, а настапи во преубав смарагдно зелен фустан од нашиот познат дизајнер Александар Ноншпал.

 

За сценскиот настап ќе се погрижат Тајн и Марун од Шведска. Пратечки вокали се Александра Јанева, Васил Гарванлиев и младата пејачка Антонија Гиговска.

Првата полуфинална вечер е на 14-ти мај, втората на 16-ти, а финалето ќе се одржи на 18-ти мај.

 

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Advertisement

Поврзано

New Ad
Back to top button