Кога Хари прв пат ја виде Меган Маркл во венчаница и ги шепна овие две реченици – цела Британија се стопи кога ги слушна!
Моментот кога принцот Хари прв пат ја виде Меган Маркл како невеста предизвика воодушевување и радост во целиот свет.
Во тој момент во Велика Британија целата нацијата не дишеше, а оние што го проследија цел живот ќе се сеќаваат на него. Имено, секој момент кога младоженецот прв пат ќе ја види својата невестата во венчаница е особено емотивен, но Хари реагираше навистина посебно.
https://www.instagram.com/p/Bi9VMbTH-4Y/?utm_source=ig_embed
Но да се потсетиме на овој историски момент.
Најпрво принцот Чарлс ја спроведе убавата поранешна актерка Меган Маркл до олтарот и ја предаде на по малку збунетиот Хари. Хари му се заблагодари на својот татко, и тогаш тој и Меган првпат се погледна.
https://www.instagram.com/p/Bi9TM6AFVUW/?utm_source=ig_embed
Тие сакаа да почекаат да започне официјалната церемонија, но Хари не можеше да се воздржи. „Изгледаш прекрасно. Јас сум најсреќниот човек на светот“ – шепотејќи и кажа тогаш Хари, блескајќи од среќа. Во истиот момент и цела Британија остана без здив, а на многумина не им беше јасно како и Меган не се растопи од љубов на самото место.
https://twitter.com/MissSarahLouise/status/997796968595255297
Срамежливото шепотење на Хари ја остави цела нацијата без здив. Но за среќа, војвотката од Сасекс во тој момент беше малку поприбрана од нејзиниот принц, па само му се насмеа и така го опушти, па церемонијата можеше да започне.
https://www.instagram.com/p/Bi9XFeGloeN/?utm_source=ig_embed
Потоа падна и првиот бакнеж, за кој велат дека е еден од поромантичните што досега ги виделе на кралските венчавки. Па ако и тогаш не пуштивте солза, нема што да ви кажеме, освен дека имате камено срце.
Но и дека не треба да не сфаќате премногу сериозно, нели?