Кога Софче Џорлева пее, на нејзиниот син му течат солзи – тие ја ВООДУШЕВИЈА публиката во Гранд, еве што прават сега!
Синот на Софче и во време на корона работи турбо
Многу пејачи и музичари заради ситуацијата со вирусот корона се на работ на егзистенција. Начинот на кој што тие до пред епидемијата најчесто ги заработувале парите, веќе подолго време не е возможен, па некои од нив дури размислуваат и да ја променат професијата.
Но од друга страна има и такви кои и покрај проблемите, решиле да работат на својата кариера.
Еден од нив е и младиот талентиран пејач Огнен Здравковски кој очигледно го нема тој проблем, па реши и да се промовира деновиве.
Не се плашам дена нема да има работа. За добрата песна не е ни важно дали е корона или некое друго време, вели тој за Гранд онлајн и додаде дека добрата и квалитетна песна секогаш ќе го најде својот пат до публиката.
Тој веќе подолго време е во студио и напорно работи на нов сингл, иако нема ни четири месеци откако ја објави својата песна „Љуби ме“.
Тој во интервјуто откри и дека за Нова година подготвува уште изненадувања за својата публика на кои работи вредно.
Новата песна ќе биде нешто модерно, потполно нешто ново од мене. За сега нема да откривам дали е балада или е нешто побрзо, ќе видите, односно ќе слушнете во јануари,, изјави Огнен за Гранд онлајн и додаде дека до Нова година ќе ја израдува својата публика и со нови обработки.
Инаку, Огнен е син на Софче Џорлева, позната македонска пејачка која имавме прилика да ја гледаме и во популарниот музички натпревар „Никогаш не е доцна“.
Тој беше секогаш присутен и на нејзините настапи и цело време ја бодреше, а не крие и дека еден за друг претставуваат најголема поддршка. Тоа беше така и за време на болеста, кога тие дознаа дека се позитивни на корона. Огнен тогаш многу повеќе беше загрижен за неа отколку за себе.
Тој откри дека е еден од оние кои не верувале дека короната постои додека не ја видел својата мајка како се измачува од болеста заради што мораше да помине речиси две недели во Инфективна клиника. По 12 дена и два негативни тестови, таа си дојде дома, а Огнен преку социјалните мрежи им се заблагодари на сите што му даваа поддршка во тешките моменти како и на луѓето што работат во клиника.
Пејачот дозна дека е позитивен на корона токму деновите кога ја промовираше својата песна „Љуби ме“.
Мајка му во „Никогаш не е доцна“, а тој во „Ѕвездите на Гранд“
Инаку српските медиуми за Софче пишуваа дека е една од најведрите, но и најталентираните натпревраувачки во „Никогаш не е доцна“.
Оперската дива како што самата вели понекога не бира зборови кога сака нешто да објасни, а не ретко и се случува и да „тресне нешто и да остане жива“, заради тоа и не добила работа во македонската национална телевизија.
Но сепак, благодарение на нејзиниот глас пејачката е позната од Скопје до Белград, а во едно заедничко гостување со Огнен, мајката и синот ја воодушевија публиката со нивната искреност пред камерите. Таа тогаш изјави дека не знае од каде и е толкава енергија и додаде дека најверојатно затоа што немала никакви проблеми во животот, постојано и течело мед и млеко и дека можеби затоа е дебела.
„Јас сум дебела цел живот, не можам да ослабам. Се дебелеам од воздухот“, и кажа таа на новинарката.
Софче со разговорот откри дека нема проблем да се шегува на своја сметка, а потоа додаде и дека сепак внимава на исхраната, во спротивно би била 200 килограми.
Таа тогаш изјави дека обожава да јаде, но сепак, најмногу од сé сака да пее, и тоа со својот син.
Тогаш Огнен пред камерите призна дека кога мајка му излегла на сцената не можел да се воздржи и заплакал.
На нивното интервју можете да се потсетите во продолжение.