Кога се родив моите родители ги советуваа да ме остават во болницата – Ели има 21 година и влезе во историјата
Девојка со Даунов синдром која се појавува на модните ревии на Гучи, како и на насловната на Вог...
Оваа млада дама се вика Ели, има 21 година и влезе во историјата како прв модел со Даунов синдром што се појавил во интрнационални кампањи за познати брендови.
Ели Голдстејн ги зема клучевите од куќата што тукушто ја купи со парите што ги заработи од својата манекенска работа, вклучувајќи го тука и позирањето за насловната страница на Вог магазинот.
Таа паралелно и студира и тоа поприлично добро, но за разлика од останатите студенти кои се во студентски долгови, Ели и заработува.
Фото: Инстаграм/ Ели Голдстејн
Кога се родила, докторите им кажале на родителите дека „нема никогаш да прооди и да зборува“, по што медицинските сестри ги советувале дека е најдобро да ја „остават“ во болница.
Фото: Инстаграм/ Ели Голдстејн
Но, Ели со својот живот покажа дека чудата навистина постојат.
Фото: Инстаграм/ Ели Голдстејн
Таа има напишано и книга за својот живот, па за себе вели: „Значи сега сум манекенка, писателка, студентка и сопственичка на куќа. Би сакала тоа да му го кажам на докторот што им кажа на моите дека нема никогаш да одам и зборувам“, вели за себе Ели.
Ели е родена во декември 2001 година и оттогаш им пркоси на сите прогнози влегувајќи во историјата како прва манекенка со Даунов синдром што се појавила во големи кампањи.
Фото: Инстаграм/ Ели Голдстејн
Таа беше ангажирана од Гучи со што стигна и до насловната на италијанскиот Вог во 2020 година.
Оваа година, пак, во мај, се појави на насловната страница на британскиот Вог што исто така беше голем успех.
Фото: Инстаграм/ Ели Голдстејн
Како што самата вели, на секоја фотосесија ја третираат како принцеза, а исто така е воодушевена и од тоа што постојано добива дизајнерски подароци – како на пример скапоцена облека и најубавите чанти од најпознатите светски брендови, а има и креирано фустан со нејзин дизајн кој се најде на полиците на Адидас.
Фото: Инстаграм/ Ели Голдстејн
Исто така кога беше планирана и првата Барбика со Даунов синдром, во текот на оваа година, Ели помогне во промоцијата.
Фото: Инстаграм/ Ели Голдстејн
Ми беше ќеиф што ја завршив работата со Барби – беше сјајно конечно да се види кукла која што личи на мене, вели таа.
Фото: Инстаграм/ Ели Голдстејн
Пред да се роди, бројни тестови не успеаја да откријат никаква абнормалност на плодот, па родителите и самите доктори биле шокирани кога откриле дека Ели има Даунов синдром, како и проблеми со срцето што бараше итна операција за да и биде спасен животот, откако беше родена со царски рез.
Фото: Инстаграм/ Ели Голдстејн
Нејзината мајка Ивон (59) која ја поддржува за сé во животот, признава дека на почетокот тешко ја прифатила нејзината дијагноза.
Фото: Инстаграм/ Ели Голдстејн
Во првите неколку недели, хранењето, менување пелени и сета останата грижа околу бебето ги завршувал таткото, Марк (63).
Начинот на кој докторите им соопштиле дека можеби би сакале да се откажат ги шокирал дополнително, бидејќи тие ниту на момент не помислиле дека треба да ја остават и да ја заборават.
Фото: Инстаграм/ Ели Голдстејн
Ели сега тоа им го врати и ги направи горди родители.
„Не сум имала лоши искуства поради тоа што имам Даунов синдром. Сметам дека тоа е така поради мојот карактер. Единствениот предизвик со кој се имам соочено е тоа што луѓето зборувале и потпишувале со мајка ми, наместо со мене, додека не сфатив дека можам самата да комуницирам и дека јас сум иста како нив, можеби само побавна во учењето“, вели Ели и додава:
Фото: Инстаграм/ Ели Голдстејн
„Сакам да бидам модел за пример. Да покажам дека кога ги следиш твоите соништа и желби, можеш да постигнеш сè“ вели оваа извонредна млада дама која го воодушеви целиот свет.