Кога се појави, цел Прилеп се вртеше да ја види – македонската Гранд ѕвезда го украде шоуто
Прилепчани воодушевени, а таа никогаш посекси...
Оваа млада дама знае како да привлече внимание
Младата македонска пејачка Андријана Петрушовска се прослави со своето учество во популарното шоу „Ѕвездите на Гранд“.
Таа во ова музичко шоу стигна до самото финале, а воедно важеше и за една од најатрактивните пејачки која со своите модни изданија за време на натпреварот никого не оставаше рамнодушен.
По шоуто, нејзината кариера почна забрзано да се движи по угорна линија, така што сега настапува речиси секојдневно.
Фото: Инстаграм/ Андријана Петрушовска
Но покрај своите бројни настапи во регионот, шармантната пејачка не ги заборава и своите верни фанови на социјалните мрежи, па на својот профил на Инстаграм редовно објавува фотографии и на овој начин постојано комуницира со нив.
Фото: Инстаграм/ Андријана Петрушовска
Покрај своите приватни изданија, младата Гранд ѕвезда често покажува и како изгледа на своите настапи, и токму со едно такво издание талентираната пејачка ги изненади фановите.
Фото: Инстаграм/ Андријана Петрушовска
Имено, Андријана на својот последен настап носеше куси тексас шорцеви во комбинација со тренди чизмички кои изгледаат како да се направени од дел од фармерки, додека целото издание го зачини со црвено боди, кое пак, изгледаше како да носи костим за капење.
Фото: Инстаграм/ Андријана Петрушовска
Но токму заради комбинацијата од ова боди и кусите шорцеви сите беа воодушевени, посебно оние во првите редови.
Фото: Инстаграм/ Андријана Петрушовска
Фото: Инстаграм/ Андријана Петрушовска
Инаку, Петрушовска на социјалните мрежи објави и едно селфи на кое и се гледа и тетоважата на раката – шкорпија.
Фото: Инстаграм/ Андријана Петрушовска
Покрај оваа тетоважа, пејачката има уште неколку на своето тело со кои често знае да се пофали на социјалните мрежи.
А како таа го прави тоа, погледнете во продолжение…