Не за џабе се рекло дека добриот избор на чевли може и наједноставната комбинација да ја претворат во одличен аутфит, а Северина тоа го докажа.
Пејачката ја објави својата фотографија од аеродромот на нејзиниот Инстаграм, и иако не откри каде заминува, нѐ воодушеви со нејзиниот избор на парчиња облека.
Овој пат таа се одлучи за едноставна комбинација составена од фармерки, бела маица и популарното широко меко палто, а впечатокот за да биде одличен беше дополнет со сини кадифени чизми со кралски изглед.
https://www.instagram.com/p/BtsyPobBbQb/?utm_source=ig_embed
Овие шик чизмички до глуждовите се дело на белгискиот дизајнер Дрис ван Нотен и чинат 753 евра.
Покрај оввие чизми, Северина го надополни изгледот со впечатлива цветна марама и чанта со потпис и лого на модната куќа Гучи, чија цена е преку 80.000 денари.