Кога се појави во „Ѕвездите на Гранд“ сите гледаа што облекла – ќе се ИЗНЕНАДИТЕ од ова необично издание на Ана Бекута

Ана Бекута ги воодушеви сите со своето последно издание со кое се појави на снимањето во „Ѕвездите на Гранд“.

Познатата фолк-пејачка овој пат носеше црн фустан дезениран со имитација на парчиња од стакло кој е дело на познат српски дизајнер.
И додека нејзините колешки овој пат носеа безбедни модни комбинации, Бекута во стилот на Саманта Џонс од „Сексот и градот“ беше спремна со својот нов дизајнерски фустан да го украде шоуто.
Пејачката со ова свое издание покажа дека стилот е најважен, но и дека кога имате став, годините се само бројка.

Па, дали ви се допаѓа овој изглед на Ана?

Инаку, Бекута во последно време изгледа одлично благодарение и на режимот на исхрана до кој се придржува.

Таа од својата исхрана ги исфрли благите и оброците кои имаат тесто, па за кратко време ослабна скоро 20 килограми.

Бекута вели дека сега внесува повеќе овошје и зеленчук, а бидејќи не е голем љубител на месо тоа го внесува во мали количини, а од зачини користи бибер и коркума.

Покрај тоа редовно вежба, а посебно внимание обрнува на кардио тренинзите. Таа вели дека го зголемила внесот на течности и дека пие повеќе вода и чај без шеќер.
Фото: Инстаграм/ Ана Бекута
Фото: Инстаграм/ Ана Бекута
Фото: Инстаграм/ Ана Бекута
Фото: Инстаграм/ Ана Бекута
Фото: Инстаграм/ Ана Бекута
Фото: Инстаграм/ Ана Бекута
Фото: Инстаграм/ Ана Бекута
Фото: Инстаграм/ Ана Бекута
Фото: Инстаграм/ Ана Бекута
Фото: Инстаграм/ Ана Бекута
Фото: Инстаграм/ Ана Бекута
Фото: Инстаграм/ Ана Бекута
Фото: Инстаграм/ Ана Бекута
Фото: Инстаграм/ Ана Бекута
Фото: Инстаграм/ Ана Бекута
Фото: Инстаграм/ Ана Бекута
Фото: Инстаграм/ Ана Бекута
Фото: Инстаграм/ Ана Бекута
Фото: Инстаграм/ Ана Бекута

.