Кога овие две убавици ќе се спојат „горат“ клубовите низ Македонија – лудо се забавуваа цела вечер
Двете македонски убавици лудо се забавуваа во ноќен клуб.
Цеце и Светлана покажаа каков „бум“ прават каде и да се појават.
Некогашната манекенка Светлана Црнокрак и нејзината колешк Цеце Георгиев се вбројуваат меѓу најубавите жени на македонската јавна сцена.
ФОТО: Фејсбук / Цеце Георгиев
Светле ја гази петтата, а Цеце четвртата деценија од животот, но тоа воопшто не се забележува на нив.
И двете имаат тен и фигури какви посакуваат и помладите девојки.
И Цеце, а и Светлана се остварени во улогата на мајкa.
ФОТО: Инстаграм / Светлана Црнокрак
Светлана и нејзиниот сопруг, Мики Црнокрак ги имаат ќерките Моника и Нина, кои ја наследија љубовта кон модата од своите родители и тргнаа по нивните стапки.
Цеце пак заедно со сопругот, Кристијан Георгиев ја имаат ќерката Кара Розмари.
ФОТО: Фејсбук / Цеце Георгиев
Двете убавици посветуваат огромно внимание на физичкиот изглед и се големи вљубеници во спортот.
Настрана од домашните и работните обврски овие дами умеат добро да се забавуваат.
ФОТО: Инстаграм / Светлана Црнокрак
Тие покажаа дека умеат добро да се забавуваат без оглед на годините.
На Инстаграм споделија видео направено во ноќен клуб, на кое и двете пеат и танцуваат.