Кога ова ќе се случи, короната засекогаш ќе исчезне: Експертите велат, ова ќе биде дефинитивниот крај на епидемијата
Научниците од Универзитетот во Мериленд препорачуваат при проценка и сузбивање на коронавирусот да се земе во предвид и временската прогноза.
Имено, истражувачите забележале дека најголемите епидемии на КОВИД -19 ги покривале земјите сместени во една прилично тесна зона на северната хемисфера, кои се ограничени на 30. и 50. паралела. Тоа ја вклучува Италија, Шпанија, Иран, САД и Јужна Кореа, каде се забележани над 70 илјади инфекции и секако Кина.
Врз основа на тоа е заклучено дека вирусот најдобро се шири во одредени климатски услови. Оваа температура изнесува од +5 до +11 степени, а влажност на воздухот од 47 до 79 отсто.
Научниците од Велика Британија го делат истото мислење. Тие температурата од во просек 8 степени ја нарекуваат „најплодна“ за овој патоген. Ако надвор е многу топло, причинителот за болеста, според нивното мислење, почнува да умира.
Што се однесува на времето во северна Италија, од каде вирусот се раширил во други места и земја, во текот на февруари и во текот на првата декада од март просечната температура била меѓу +6 до +9.
Во Јужна Кореа, КОВИД-19 полека доаѓа под контрола. Веќе кон почетокот на март во оваа земја дневно се забелжани неколку стотици нови случаи на инфекции со коронавирус, а сега се само по десетина. Дали е случајност што во оваа земја неодамна почнаа да пристигнуваат суптропски воздушни маси и што температурата во Сеул, главниот град на Јужна Кореа достигнаа и до + 15 степени.
Врз основа на таа логика во Русија исто така наскоро може да се создадат услови за намалување на стапките на заболување. На пример, во април во најголемиот дел од Русија, температурниот режим ќе биде потопол отколку другпат. На југот, во центарот и на северозападот, живата во термометарот се крева над вредноста поволна за ширење на коронавирусот. Зоната на ризик останува североистокот на европска Русија, Урал, јужниот Сибир и централните региони на далечниот исток.
Но, покрај температураниот фактор, постои уште еден, кој делува во сите климатски зони. Сега на северната хемисфера почнува или веќе почнала пролетта. До мај протокот на сончево зрачење речиси ќе се дуплира. Со други зборови, ултравиолетовитезраци ќе навлезат во атмосферата и поефикасно ќе го прочистуваат воздухот и практично ќе ги убиваат вирусите.
„Тоа се така наречени сезонски систематски фактори. Од една страна, тоа е апсолутно точно: ултравиолетовото зрачење го убива вирусот, како и многу други работи на светот. На вирусот како на примитивен организам тешко му е да се заштити од ултравиолетовото зрачење. Друга добра работа е што на пролет „се оживува“. Дури и имунитетот е посилен, а луѓето посреќни. Поради сето ова стапката на инфекции почнува да опаѓа“, истакнува специјалистот за молекуларна генетика Дмитриј Квон.
Сепак, не можеме да се потпираме само на временските прилики во оваа ситуација. Главно оружје против коронавирусот е натаму е изолацијата на пациентите и почитување на личната хигиена.