Кога оваа Македонка ќе почне со жешкиот настап, цела кафеана паѓа во транс и гледа во една точка
За неа велат дека е најоткачената женска на естрадата
Гостите беа воодушевени од нејзиниот настап
Нашата позната фолк-пејачка Марија Луиса речиси секој викенд настапува и за нејзините настапи секогаш се бара место повеќе.
Впрочем така беше и овој пат кога Марија направи одлична забава, повторно никого не оставајќи рамнодушен.
Облечена во една од оние нејзини креации со кои ги збудалува мажите, пејачката цело време танцуваше на сцената, а оние што беа во нејзина близина очигледно уште долго време нема да можат овие ексцентрчни слики со неа да ги извадат од главата.
Фото: Инстаграм/ Марија Луиса
Пејачката за оваа пригода носеше тесно и кусо фустанче, со асиметричен отвор кој се протегаше по целата должина на креацијата, од деколтето па се до нозете, така што изгледаше како фолкерката повторно да заборавила да облече долна облека.
Фото: Инстаграм/ Марија Луиса
Имено, ова не е прв пат Марија да „фура“ креации кои имаат отвори на критичните делови од телото, па најчесто оставаат впечаток како пејачката да не носи ништо под нив.
Фото: Инстаграм/ Марија Луиса
Но пејачката неодамна во едно интервју откри како се снаоѓа со ваквите модели и дали навистина има долна облека кога ги носи.
Повеќе за ова прочитајте тука…