Елена Јовческа е повеќе од десет години на македонската естрада. Таа умее да свири на четири инструменти, но препознатлива е по гајдата, нешто што не е вообичаено за женско. Во музичките води заплива во 2010 со песната „Атлантида”. А песна која стана белег и химна на градот Прилеп како што вели Елена е „Горда Прилепчанка”, која и го отвори патот за настапи надвор од земјава. Моменталнио е сингл и сеуште стои на ставот дека подобро брак без дете отколку брак без љубов.
„И нема никогаш да го променам тој став бидејќи познавам многу бракови кои се во брак ради децата. Тоа мене повеќе ми нема цел смисла од колку да не си во брак, а да сте среќни со партнерот“ вели во интервју за Гламур Елена.
Приватна архива
За прв пат се јавувате на македонската музичка сцена во 2010 година со песната „Атлантида“. Па дали се сеќавате на овие почетоци?
Секако дека се сеќавам. Тоа беше моја прва песна каде за прв пат излегов на фестивал Охрид Фест и зедов награда за најдобар дебитант.
Песна со модерен карактер, направив и спот и за прв пат се појавив на Македската сцена.
Отскочна даска на естрадата и во кариерата Ви беше песната „Горда прилепчанка“ која излезе во 2012 година и Ви го отвори патот за Австралија. Од денешна перспектива колку оваа нумера Ви помогна во Вашата кариера?
„Горда Прилепчанка“не само што е хит туку таа песна е химна на градот Прилеп, градот каде што сум родена.
.
Приватна архива
Со таа песна заминав на прва турнеа во Австралија 2012 год и таа песна памтам на концерт во Сиднеј беше пеена 6 пати по ред во еден глас од моите прилепчани. Денес сфаќам дека „Горда Прилепчанка“ ќе остани засекогаш и таа песна никогаш нема да умре бидејќи таа го опишува нашиот град херој Прилеп.
Свирите на четири инструменти – гајда, зурла, хармоника и пијано. Колку труд е потребен и колкав талент да се свири на овие инструменти?
Преголем труд е вложено во овие инструменти од мали години посебно посветување на хармониката како прв инструмент. Вежбање со денови за да се постигне целта, меѓутоа ако се сака и секако ако го имате талентот успехот секогаш излегува на површина.
Самоука сте на гајда од каде толку голема желба за овој инструмент по кој станавте препознатлива и со кој развеселувате многу настани и веселби?
Да сама почнав да учам и си го имам јас тоа македонското во себе, не го правам тоа за да добијам некакви поени или популарност , јас тоа го имам и популарноста дојде сама по себе без никакви планови. Јас кога настапувам со гајда како да живеам за тој тука момент, не размислувам за ништо во моментот освен да дадам се од себе.
Приватна архива
Имате многу настапи надвор од земјава каде сте имале најубаво искуство и финансиски и општо прифатеноста од страна на луѓето?
Јас сум била секаде во светот. 8 пати Австралија 4 Канада и 2 пати Америка како и цела Европа.
Секаде сум имала успешни настапи , секаде сум била пречекана како што треба бидејќи луѓето максимално давале се од себе. Никогаш не сум барала специјални хотели, специјални пречекувања затоа што луѓето што ме зеле ми направиле чест јас да сум таа што ќе им пеам, јас да сум таа што ќе ја правам целата забава. За мене тоа е најголемиот успех посебно кога станува збор за нашите цркви.
Долго време се мачевте со килограмите но од пред две години успеавте линијата да ја доведете до совршенство, како успеавте?
Мммм да хахаха. Успеав да пресреќна сум. Со диети вежбање, средување со мозокот на самата себе што сакам да постигнам и дека морам, па така и успеав да ослабнам 23 килограми 🥰
Приватна архива
Покрај музиката имате и сопствен козметички салон ЕН студио кое што нуди разубавување на дамите. Од каде желбата и идејата за овој бизнис?
Идејата не ја добив сама со себе. Јас сакав да направам нешто каде што ќе имам втор дом меѓутоа идејата дојде кога се запознав со Натали Павлович која ми е партнер во ЕН Бјути. Кога ја запознав ми раскажуваше некои работи во врска со овој бизнис и сфатив дека од самата јас немам подобра реклама, бидејќи ако јас не сум средена и не изгледам на моите настапи спотови перфектно нема ни нашите клиенти. Затоа некогаш викам бидејќи како јас што сакам да изгледам средено така и нашите клиенти. И ние грешиме не велам не, но таа грешка секогаш ја исправаме. Сега сум секогаш средена, спремна, а дали има поубаво нешто од тоа да има кој да ве направи во било кое време?! Мојот одговор е НЕМА (се смее) Среќна сум многу се ЕН БЈУТИ, среќна сум со нашите клиенти и целиот тим кој се грижи за сите нас. Така е создаден ЕН БЈУТИ, каде што е вложено многу љубов, ама истовремено изгубено и многу нерви (повторно смеење)
Приватна архива
Која е тајната на Вашата убавина и изглед?
Исхрана, вежбање и се разбира ЕН БЈУТИ (Маникир, педикир, депилација, мадеро масажи, шминка, коса ….)
Приватна архива
Дали Елена е вљубена или сеуште сингл. Во едно Ваше излагање околу оваа тема изјавивте дека деца планирате, но за брак не сте сигурни, се уште ли го имате овој став?
Сингл сум моментално, не бев (се смее) и нема никогаш да го променам тој став бидејќи познавам многу бракови кои се во брак ради децата. Тоа мене повеќе ми нема цел, смисла отколку да не си во брак, а да сте среќни со партнерот.
Можеби грешам не се согласуваат со мене, меѓутоа со мојата професија имам толку многу видено, што ќе останам на истиот став.
Приватна архива
Имате ли некое хоби или нешто што Ве опушта и каде се регенерирате од сите настапи и ангажмани?
Да, се одмарам кај моите родители во Прилеп. Излегувам со моите другарки од Прилеп, седиме по цели денови се смееме, уживаме. Сакам да гледам филмови, малку повеќе седам на телефон, размислувам за песни за кариерата, за салонот, како да напредуваме во нашата работа. Се тоа правам кога сум Прилеп и кога не сум на настап.
Знаете ли да готвите и кој е Вашиот специјалитет кој го приготвувате често?
Знам да готвам секако… немам омилено јадење готвам тоа што ќе ми се јаде. Специјалитет и тоа немам хахах
Приватна архива
Што Ве прави среќна?
Кога се сите што ги сакам здрави, среќни и секогаш насмеани. Кога создавам нешто ново, кога им пеам на мојата публика, кога гледам насмеани лица
И што може да ни најавите во блиска иднина ?
Спремам еден кавер на една стара македонска песна, спремам нова песна и нема да ја извадам додека не биде како што сакам. Нови соработки со големи фирми кога станува збор за ЕН БЈУТИ, и секако сето тоа само за нашите клиенти.