Наши ѕвезди

Кога Лила ќе се соблече на 52 години, многу ПОМЛАДИ КОЛЕШКИ љубоморат, а мажите не трепкаат

Водителката покажа со што располага

Advertisement

Нема што да крие од никого, изгледа беспрекорно

Познатата водителка покажа дека и во шестата деценија има линија на која многу колешки можат да и завидуваат

Advertisement

Водителката Лила Филиповска замина на одмор на Бали со пријателите и веднаш се пофали како ужива на ова место.

Таа најпрво објави неколку фотографии и видеа од хотелот во кој што ќе престојува, но дефинитивно најголемо внимание привлече оваа утро кога сподели фотографии на кои е во костим за капење.

Advertisement
Инстаграм/ Лила Филиповска

Имено, таа позираше во едноделен црн костим за капење и веднаш предизвика лавина од реакции на социјалните мрежи.

Инстаграм/ Лила Филиповска

Максимално го користи времето за уживање

Сите и порачаа дека изгледа феноменално и дека и во шестата деценија има линија на која многу би можеле само да и завидуваат.

Инстаграм/ Лила Филиповска

„Бали повторно, зошто еднаш не е доволно“, напиша Лила во описот на фотографијата на која ужива во убавото време покрај големиот базен.

Инстаграм/ Лила Филиповска

Животот оди понатаму

Инаку Лила пред само неколку дена ги воодушеви своите верни фанови и со една порака што ја објави на Инстаграм.

Таа тогаш се потсети на тешкиот период низ кој што поминуваше, а оваа објава секако дека беше најмногу наменета за сите оние што се соочуваат со истиот проблем.

Инстаграм/ Лила Филиповска

Имено, водителката успеа да ја победи тешката болест, но и денес не заборава да им даде кураж и позитивни мисли на оние што моментално ја водат својата најтешка битка, потсетувајќи ги да бидат силни.

„И да, ‘Шоуто мора да продолжи’… Точно една година од моето прво јавно појавување со фризурата која беше потсетник на едно поглавје кое ми го промени животот. Потсетник дека не сме вечни, не сме нескршливи…“, го започна своето обраќање познатата водителка.

Инстаграм/ Лила Филиповска

„И дефинитивно сфатив дека животот е таков како што го обликуваат нашите мисли! И пак ќе кажам – сé што научив во животот се сведува на три збора: Животот оди понатаму“, напиша Лила тогаш на снимката што ја сподели на својот профил на социјалните мрежи.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Advertisement

Поврзано

New Ad
Back to top button