Кога Ким Кардашијан ги носеше и се смеевме сите – сега се еден од најголемите трендови
Тренд кој предизвика дискусија на социјалните мрежи
Кога Ким Кардашијан уште пред година дена се прошета во вакви куси панталонки сите и се смееја. Но познатата старлета уште еднаш го потврди статусот на трендсетера бидејќи ваквите куси хеланки кои кај нас популарно ги викаат бициклистички сега ги носат сите.
Во прашање е модел кој беше популарен во 80-тите и кој се враќа на голема врата оваа летна сезона, а познатите ИТ девојки на Инстаграм сега ги носат во комбинација со високи потпетици и други неспортски парчиња, односно ги носат дури и во свечени или вечерни изданија.
https://www.instagram.com/p/BimueaUAaP3/?utm_source=ig_embed
https://www.instagram.com/p/BiR5MVXl2Bz/?utm_source=ig_embed
Тоа дека станува збор за еден од најголемите трендови за ова лето потврдија и бројни други познати дами, како Кендал Џенер и сестрите Бела и Џиџи Хадид, но и познатата модна куќа „Dolce & Gabbana“ која исто така има вакви модели во својата последна летна колекција.
https://www.instagram.com/p/BhHnFL8AK5T/?utm_source=ig_embed
https://www.instagram.com/p/BitdQ4onfx9/?utm_source=ig_embed
https://www.instagram.com/p/BXs4w9IA3wO/?utm_source=ig_embed
https://www.instagram.com/p/BipTWDog0lQ/?utm_source=ig_embed