Реклама
Наши ѕвезди

„Кога имаш помладо момче, па ќе му кажеш: Дојди кај мама!“

Реклама

Хрватската пејачка Маја Шупут (39) минатата година се сврши со Ненад (34), а нејзината љубов не ја крие од јавноста.

Маја неодамна за хрватските медиуми откри дека планира да „работат“ на принова, а со последниот статус кој го посвети на својот свршеник ги насмеа сите.

Маркетинг

„Она кога имаш помладо момче, па пред излегување ќе му кажеш: Дојди кај мама“, напиша Маја под заедничка фотографија од еден хотел во Милано.

Тие не ја кријат својата љубов од јавноста, а неодамна признаа дека работат на принова.

Маркетинг

„Ненад и јас веќе се договоривме дека јас ќе пеам, а тој со бебето ќе ме следи на концертите. Некои пријатели ме советуваа да ангажирам две дадилки. Јас сакам некоја стара и грда, но Ненад не дозволува и ми вели дека мора да внимаваме на имиџот“ раскажа неодамна Маја за Глорија.
.

Парот планираше да се венча лани, но Маја, како што вели самата, тогаш немала ни еден слободен викенд.

„Ненад не сака да слуша повеќе дека немам време. Реши да ги зема работите во свои раце и почна да ја договара свадбата за следната година, се надевам дека до есен ќе ја биде работата“, призна неодамна пејачката која е радо видена гостинка на туѓите венчавки. Имено, таа пред повеќе од десет години почна да пее и на свадби, а цената за ангажманот со се’ бендот се движи околу 10.000 евра.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button