Реклама
LIFESTYLEВиралноКафе муабет

Кога имала 12 години, секојдневно се дрогирала и пиела. На 13 останала бремена …

Реклама

Лори Хокинс, 19, од Велс, почнала да  користи кокаин кога имала 12 години. На 13 години имала абортус . Пиела вотка секој ден и имаше само 31,5 килограми додека беше бремена. Роберт Дејвис (37), од кого остана бремена, денес е во затвор, а Лори целосно го промени својот живот.

– Знаев да се разбудам, да се издрогирам, да се истуширам и пак да се дрогирам. Бев бремена на 13 години. Се сретнав со Роберт пред продавницата. Мојот пријател и јас ги замоливме постарите да ни купат алкохол. Тој ми купи пијалок, а јас му го дадов мојот број. Во тој период имав проблем со својот татко и барав внимание на друг начин “, рече Лоури.

Маркетинг

Таа додава дека поранешниот дечко ја предупредил за Роберт.

– Но, јас не сакав да го слушам. Роберт ми кажа дека ме сака и мислев дека ми ја зборува вистината. Излегов од куќата за Божиќ и отидов кај Роберт. Заедно спиевме. После тоа, тој не ме побара, а кога ќе се видевме се расправавме. Два месеци подоцна, сфатив дека сум бремена. Решив да абортирам, бидејќи се дрогирав и имав многу малку килограми, а моето тело беше недоволно развиено ” , рече Лори.

Маркетинг
Фото: Фејсбук

На Роберт му кажала дека е бремена еден месец по абортусот и потоа раскинале. Кога собрала храброст, им кажала на згрижувачките родители што се случило. Тие и ‘рекле дека би било добро да му верува на полицаецот кој и помогнал да се ослободи од дрогата.

Храбрата Лори им кажа на полицијата сè, а потоа Дејвис бил уапсен. Во 2015 година, тој беше осуден на десет години и осум месеци затвор, објави „Дејли мејл”.

Поврзано

Back to top button