Реклама
Наши ѕвездиСтил

Кога згодните Македонки ќе се соблечат во бикини – фотографии што на сите ни го разубавија летото

Фотографии на познатите Македонки што покажуваат дека нашите дами не само што не се срамежливи, туку се и убавици од светски ранг

Реклама

Нашите познати дами ги воодушевија сите ова лето

Еве веќе неколку недели како социјалните мрежи се преплавени со фотки на кои познатите дами позираат во костими за капење.

Тоа се случува и кај нас, така што многу наши познати дами решија да покажат како изгледаат во своите летни изданија.

Маркетинг

Благодарение на нивните фотографии можеме да видиме и кои трендови владеат кога се костимите за капење во прашање, но и на кои дестинации тие најчесто избираат да летуваат и да си ги наполнат бетериите пред новите предизвици во животот.

Маркетинг
Инстаграм/ Андријана Јаневска

Во продолжение погледнете неколку фотографии на нашите ѕвезди што ни го привлекоа вниманието со овие свои изданија.

Инстаграм/ Каролина Гочева

Каролина Гочева неодамна позираше во розов модел на костим за капење, а фотките се од нејзиното патување во Италија.

Инстаграм/ Каролина Гочева

Таа е позната по својот атрактивен стил на облекување, а сега покажа дека е таква и кога ќе реши да се соблече во бикини.

Инстаграм/ Евгенија Марковска

Поранешната манекенка Евгенија Марковска ова лето избра црн дводелен модел зачинет со мали карнери.

Инстаграм/ Евгенија Марковска

Таа со своите фотографии покажа дека црните модели се непогрешлив избор, но и дека е во топ форма.

Инстаграм/ Лила Филиповска

И нашата позната водителка Лила Филиповска најчесто избира атрактивни модели на костими за капење.

Инстаграм/ Лила Филиповска

Инстаграм/ Лила Филиповска

Па така во една пригода водителката не почести со неколку фотографии од нејзиното патување на кои уживаше во бордо костим за капење, но и во едноделен модел со модерен дизајн во црна боја, како и во модел со животински дезен кој е идеален за оние што сакаат да изгледаат елегантно и одмерено, но истовремено и да им го привлечат вниманието на посилниот пол.

Инстаграм/ Елена Стојановска-Јанковска

Убавата водителка Елена Стојановска Јанковска неодамна позираше во бел модел кој исто така е голем хит.

Инстаграм/ Марта Лазарова

Инстаграм/ Стефан Лазаров

И сопругата на Стефан Лазаров на Инстаграм ова лето ги воодушеви сите со фотографиите на кои позираше во своите костими за капење.

Инстаграм/ Сузана Гавазова

Нашата фолк-дива, Сузана Гавазова, со своите нови дводелни модели на костими за капење го истакна своето беспрекорно тело, а посебно внимание привлече со снимките од луксузната вила во која престојуваше (повеќе за ова види тука).

Инстаграм/ Елена Велевска

Од друга страна костимот на Елена Велевска е одличен доказ дека жена со убаво тело блеска и изгледа провокативно и во посуптилни подели.

Инстаграм/ Ирена Спировска

Популарната водителка Ирена Спировска ова лето одлучи да избере дводелен модел во сина боја.

Инстаграм/ Ирена Спировска

Таа со овој модел го нагласи своето беспрекорно тело и преубавиот сончев тен, а сите останаа без здив кога видеа како таа изгледа и тоа на денот на нејзиниот 50-ти роденден.

Инстаграм/ Марија Лазарова

И сестрата на Стефан Лазаров, Марија Лазарова, ги следи трендовите што можевме да видиме и од нејзините бикини фотографии.

Инстаграм/ Марија Лазарова

Инстаграм/ Марија Лазарова

Таа оваа година носеше модели со долги врвки кои неколку пати се префрлаат околу половината, а од боите носеше маслинесто зелена и бел модел со кои дополнително го истакна своето убаво тело, но и тетоважите што ги има на него.

Инстаграм/ Андријана Петрушовска

Пејачката Андријана Петрушовска сподели на Инстаграм фотографии на кои позираше во преубав шарен модел со висок струк.

Инстаграм/ Ива Спасовска

Нашата позната дизајнерка Ива Спасовска редовно не воодушевува со моделите што ги носи, а не е поинаку и со нејзините костими за капење.

Инстаграм/ Ива Спасовска

Овој пат таа избра црн едноделен модел со кој предизвика лавина од реакции со фотографиите од одморот во Грција.

Инстаграм/ Барбара Ракичевиќ

Секако, и ќерката на Мелита Ракичевиќ, Барбара, и оваа година никого не остави рамнодушен со своите бикини фотографии.

Инстаграм/ Марјана Станојковска

Марјана Станојковска има провокативен стил на облекување, а тоа секако се однесува и на нејзините костими за капење.

Инстаграм/ Марјана Станојковска

Таа ова лето позираше во дузина фантастични модели, а ова парче во светла виолетова нијанса со ленти кои можат неколку пати да се префрлат околу половината дефинитивно беше полн погодок.

Инстаграм/ Љупка Арсовска

Од друга страна Љупка Арсовска направи хаос со својот минијатурен црн модел со кој максимално го истакна своето тело.

Инстаграм/ Мартија Станојковиќ

И Мартија одлучи да носи црн модел и со ова свое издание докажа дека црните бикини дефинитивно се непогрешлив избор.

Инстаграм/ Славица Ангелова

Своето извајано тело деновиве го покажа и победничката во „Ѕвездите на Гранд“, Славица Ангелова, која избра модел со дезен.

Фејсбук/ Светлана Црнокрак

И за крај Светлана Црнокрак која со својот модел во сина и жолта боја ги нагласи своите облини, па ги остави сите без зборови кога ја видеа како изгледа поранешната манекенка која има 48 години.

Фејсбук/ Светлана Црнокрак

Светлана овој модел го носеше во Хрватска, а вакви впечатливи бои многу жени обожаваат затоа што одат одлично со морскиот тен.

Фејсбук/ Светлана Црнокрак

Па, кој од овие модели на костими за капење би го избрале вие?

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button