Еве кога ќе дојде вистинската зима – најточната временска прогноза за следните 10 дена
И денес не очекува променливо облачно и постудено време со повремени сончеви периоди, без дожд.
Но чадорите и топлите јакни нека ви бидат при рака, бидејќи за викенд следува ново заоблачување, а температурите ќе се спуштат и под нулата. Според Управата за хидрометеоролошки работи на Македонија, утрешниот ден се очекува да биде променливо облачно и постудено со повремен снег кој и можен и во пониските места. Ќе дува умерен, повремено и силен северозападен ветер.
И во недела не очекува променливо облачно со повремени сончеви периоди. Ќе дува умерен до засилен, повремено силен северен ветер, а минималните утрински температури ќе се спуштат и до -8 степени Целзиусови, додека на повисоките планински места и под -10 степени.
Преку викенд ќе има услови за слаби локални врнежи, претежно со снег и во пониските делови, јавуваат од Управата за хидрометеоролошки работи.
Ќе биде студено, но нема да бидеме завеани
Од понеделник очекувајте мало разведрување. Максималните дневни температури ќе се движат од 0 до 7 степени, додека минималните од -8 до 0 степени Целзиусови. Во текот на целата следна недела не се очекуваат врнежи па затоа снежната идила како на празничните разгледници за оваа Нова година, можеме слободно да ја заборавиме.
Освен ако не планирате пранизите да ги поминете на планина, каде на повисоките места снегот може да се задржи.
Во текот на следната недела ќе има благо покачување на температурите, околу седум осум степени, но ќе се задржи умерено облачно време. Ќе биде студено, но сигурно нема да бидеме завеани и тоа нема да биде вистинска зима, барем до 09.01, кога според AccuWeather се очекува благ пад на температурите и први пообилни врнежи на снег.
Инаку, зимата оваа година започна на 22 декември во 5 часот и 19 минути. Во истиот момент кога кај нас денот беше најкраток (краткодневица или зимски солстициум), за жителите на јужната полутопка беше најдолгиот ден во годината (долгоденица или летен солстициум).
Во Македонија, најкраткиот ден траеше само 9 часа и 7 минути.