Ковачевиќ ќе се жени со поранешната сопруга на момчето на Цеца – популарниот пејач не крие во каков однос е со Богдан

Веќе и врапчињата на гранките знаат дека познатата фолк пејачка Цеца Ражнатовиќ има ново момче

Но малкумина знаат дека поранешната сопруга на Богдан Срејовиќ е убавата Зорана Тасовац, сегашната девојка на познатиот пејач и колега на Цеца, Саша Ковачевиќ.
Богдан и Зорана од нивниот брак ја имаат ќерката Искра која овие денови беше во центарот на вниманието затоа што заедно со нејзиниот татко и неговата сакана, односно Цеца Ражнатовиќ, беше на зимување на Копаоник.

Богдана и Зорана се разделија пред пет години. Нивниот брак траеше кратко, но и денес се гледаат и се согласуваат одлично.

Тоа впрочем можеме да го видиме и од фотографиите што Богдан ги објавува на социјалните мрежи.

Имено, тој на својот профил на Инстаграм не ретко објавува и фотографии од заедничките средби со неговата поранешна сопруга и нејзиниот сегашен партнер.

Тие се во одличен однос посебно заради нивната наследничка, а еве што откри и Саша Ковачевиќ за нив деновиве.
„Зорана и Богдан отсекогаш биле и останале во одличен однос. Тоа не го коментирам бидејќи не сакам да влегувам во туѓи животи. На мене ми е драго ако тој и Цеца се вљубени, а тоа е најубавата работа што на човек може да му се случи, покрај децата“, истакна Саша за порталот „Србија данас“.
Инаку, Ковачевиќ и преубавата Зорана се во врска веќе долго време, а својата љубов пејачот кон неа никогаш не ја криел.

Пред некое време во медиумите се појави вест дека Зорана е во блажена состојба, но Саша го демантираше тоа.

Познатиот пејач тогаш реши да стави точка на гласините за него и Зорана па изјави дека ќе се жени, но во скора иднина, и дека со Зорана не разговара на оваа тема, бидејќи знае дека тоа ќе се случи само од себе.

Тој тогаш откри и за каков вид на свадба сонуваат со саканата.
„Што се однесува до мене, но и што се однесува до мојата поубава половина, свадбата ќе биде на некоја егзотична дестинација со најблиските. Таква свадба сакам, а и Зорана го сака тоа“, изјави тогаш пејачот

На прашањето дали и тој како и Харис Џиновиќ ќе се ожени со својата избраничка на 50 години, тој вели:
„Мислам дека тоа ќе се случи порано, ако се прашувам јас“, а потоа со насмевка додаде дека за тоа моментално се прашува Зорана.

„Зборуваме, но не ставаме акцент на тоа. Важно е што во нашиот однос постојат работи кои функционираа беспрекорно и јас ништо не би менувал“.
„Останатото кога ќе се случи ќе се случи“, изјави тој пред неколку месеци за весникот „Cкaндaл“.
Фото: Инстаграм/ Богдан Срејовиќ
Фото: Инстаграм/ Цеца Ражнатовиќ
Фото: Инстаграм/ Цеца Ражнатовиќ
Фото: Инстаграм/ Цеца Ражнатовиќ
Фото: Инстаграм/ Богдан Срејовиќ
Фото: Инстаграм/ Богдан Срејовиќ
