Кија Коцкар позираше пред огледало…
Победничката во Задруга 1 и пејачка, Кија Коцкар, замина на одмор во Црна Гора, а за тоа преку социјалните мрежи ги извести фановите.
Тоа значи дека следуваат фотографии на кои позира во костими за капење, бикини, па дури и во долна облека, во што веќе можевме и да се увериме.
Во прашање се нејзините „Инстаграм приказни“ преку кои можеме да ја видиме згодната пејачка додека ужива во бела долна облека пред огледалото во апартманот, а снимките особено им се допаднаа на претставниците на посилниот пол меѓу нејзините фанови.
Таа им порача на сите „Сакајте се себеси“, а потоа следуваа уште неколку оскудни изданија, па дури и едно максимално провокативно видео, повторно во долна облека.
Од друга страна пак, поранешниот сопруг на Кија, Слободан Радановиќ, на Инстаграм објави фотографија со својата нова девојка, а неговите обожаватели се прашуваат дали таа воопшто носи облека.