Кристина Кија Коцкар призна дека прв па се бакнала кога имала само 16 години но и дека ја изгубила невиноста на 18.
Имено, пејачката и победничката на „Задруга 1“ со своите фанови на Инстаграм сподели пикантерии и одговори на нивните прашања. Многумина се фатија за глава кога прочитаа што напишала.
„Првиот однос го имав кога наполнив 18 години. Ги советувам сите девојки да спијат со маж дури откако ќе бидат физики, емоционално и ментално зрели. Не треба никаде да брзаат. Од друга страна, бакнежот е убав, каде и да се случи“, одговори Кија без влакна на јазикот.
Сака да експериментира
Кија раскажа дека како тинејџерка сакала да експериментира и дека водела љубов на концерт на Фифти Сент.
„Се сокривме некаде зад бината, беше возбудливо. Имав 20 години и сакав да експериментирам. Сега ме мрзи да сум под штрек, па тоа би го правела само во кревет“ изјави Кија и додаде дека има и домашно видео.
„Тогаш тоа беше лоша резолуција, па сигурна сум дека денес никој не би ме препознал и доколку се појави тоа видео на интернет“, раскажа Кија.