Реклама
Наши ѕвезди

Кија Коцкар наскоро ќе стане мајка? Со поранешниот ќе оди и во црква, но многумина се расплакаа кога ја слушнаа причината

Реклама

Кристина Кија Коцкар неодамна се врати од Малтта каде што сфати дека сака да се оствари во улога на мајка.

Пејачката на ова егзотично место беше со пријателите и нивните деца па токму заради нив посакала и таа да роди дете.

Маркетинг

„Максимално уживав бидејќи постојано бев опкружена со деца. Поради нив ова ми беше еден од најубавите одмори до сега. На Малта сфатив што најмногу ми недостига, а тоа е да имам свое дете“, вели пејачката и додаде дека ова патување за неа било посебно и поради пријателите од детството.

Времето го поминав со луѓето со кои пораснав, а тоа е прекрасно чувство. Лапавме морски плодови, а најголема уживанција беше кога спремавме храна. Машкиот дел од екипата го правеше ручекот, додека ние одмаравме“, вели Коцкар, a знаејќи го нејзиниот карактер дека остварува сé што ќе замисли во животот, многумина не се сомневаат дека и оваа желба Кија би можела наскоро да ја реализира, само се прашуваат кој би можел да биде таткото.

Маркетинг

Го моли да се разведат

Имено српските медиуми деновиве ја пренесоа информацијата дека Кија на својот 30 роденден се развела од Слоба Радановиќ и во црква. Победничката на Задруга во неделата отишла во Зрењанин кај свештеникот што ги венчал во 2017 година, и ја започнала постапката за развод и пред Бог.

„Процесот за поништување на црковниот брак е започнат. Јас сама го започнав, но свештеникот ми објасни дека и Слободан мора да се појави па одвај го убедив да дојде. Процесот трае отприлика месец дена и потоа ќе добиеме решение“, изјави Кија и додаде дека со месеци го молела да се разведат, но тој не се согласувал. „Отсега ќе немам више никаква врска со него. Тој останува само мој колега“, изјави Кија Коцкар за својот поранешен сопруг кој според гласините од некои медиуми се уште сака и се обидува да се смири со неа.

 

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button