Реклама
Холивуд

Кијану Ривс важи за еден од најомилените холивудски актери – кога ќе го прочитате ова и вие ќе го обожавате!

Реклама

Најскромниот фраер во Холивуд

Замислете ја следната (неверојатна) ситуација – се наоѓате во патнички авион и летате од Сан Франциско за Лос Анџелес и во еден момент од екипажот ви кажуваат дека заедно со сите патници, треба принудно да слетате поради механички дефект на авионот. И тоа во Бејкерсфил кој се наоѓа на 160 километри од Лос Анџелес.

Маркетинг

Потоа замислете и дека во авионот со вас патува Нео од филмот Матрикс – односно познатиот актер Кијану Ривс и дека по принудното слетување токму тој ќе ви обезбеди превоз до Лос Анџелес, а по пат ќе ве забавува со читање интересни факти за Бејкерсфил и ќе ви пушта кантри музика.

Патниците на еден лет не мораа ова да си го замислуваат, бидејќи тоа навистина им се случи. Некои од патниците го евидентираа целиот настан на социјални мрежи и целиот интернет беше воодушевен од неговиот гест.

Маркетинг

 

Инаку, иако еден од најуспешните и најбогатите актери во Холивуд, Ривс е познат по својата скромност – наместо со скапи лимузини често се вози со метро, живее во едноставен стан и ги избегнува медиумите.

https://twitter.com/keanusgf/status/1109843353804386304

 

Но и покрај тоа што мислите дека холивудските ѕвезди живеат безгрижен живот, за Кијану ситуацијата е сосема поинаква. Имено тој имал неколку трагедии во минатото – неговата девојка почина, а потоа ги загуби и неговиот најдобар пријател и неговата родена сестра. Сепак ова не го исполни со бес и омраза, туку се сврте кон мирниот живот и постојано донира пари за детски болници.

Па, ГОЛЕМО БРАВО за овој скромен јунак. БРАВО!

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button