Реклама
CelebrityИнтервју

Кирил Трајковски- Максим „Ја прележав короната и поминав прилично лесно, без симптоми но со многу витамини и склекови“

Реклама

Тој беше еден од првите јавни личности во нашава земја кој јавно прговори за Корона вирусот. Секојденвно на социјалните мрежи објавуваше за своите фанови како му поминуваат карантинските денови. Кирил Трајковски- Максим е нашиот актер и музичар кој за себе вели дека веќе го прележал новиот опасен вирус кој е познат како Корона Вирус. За тоа како ги поминуваше деновите во изолација, за актерството, семејството, јавната професија, но и зошто го нема на театарските штиџи прочитајте од интервјуто…

Најголема предност од професијата со која се занимавате?

Предност е што каде и да одам се некој ќе те препознае и излегува во пресрет да не чекаш или да влезеш преку ред , да те пушти полицијата ако возиш побрзо да прогледа низ прсти. Срцето ми се полни кога доаѓаат да се фотографираат дечиња и многу други ситуации. Се осеќаш добро како херој, а и кој не би сакал да биде идол во нечии очи

А мана?

Мана е што неможеш да се опуштиш и да си во пустина ќе се појави некој и ќе рече еве го овој глумецов. Мана е што многу луѓе очекуваат од мене нови ангажмани (серии, филмови приказни, песни,но во животот не е се како замислуваш и планираш и мора да им објасниш внимателно за да не ги разочараш фановите

Маркетинг

На почетокот од пандемијата предизвикана од Корона вирусот, само-иницијативно се ставивте во карантин, како е да се биде повеќе од 14 дена затворен во една соба?

Убавото во изолацијата е дека можеш да се спознаеш себеси да видиш до кај си со животот да ги средиш мислите да дишеш длабоко и да одлучиш што понатаму. Во секој случај е добро за секој човечки ум и психофизичката состојба. Да пробаш да се ослободиш од комплексите на денешниот динамичен живот што ги наметнува , и да пробаш да го ресетираш мозокот односно да ги исфрлиш негативните мисли од мајндсетот. Да ги отфрлиш луѓето што си ги сакал а ти нанеле болка односно да ги цениш луѓето кои се секогаш тука за тебе. И да си го олесниш животот исфрлајќи ги сите непотребни работи кои создаваат лажна илузија за среќен или тажен живот. Карантинот едноставно те прави посилен.

Стравувате ли можеби дека и Вие сте заразени од вирусот?

Секој човек стравува подсвесно дека можеби ќе биде плен на короната, медиумите прават уште поголема хистерија. Лично јас ја прележав короната и поминав прилично лесно, без симптоми но со многу витамини и склекови. Не е толку страшно како што изгледа.

Маркетинг

Што правите во моментов, со оглед на ситуацијата во која се наоѓаме?

Во моментов гледам да се дружам со луѓето што ги сакам, да бидам добар родител за моите деца и добар сопруг за мојата жена. Претежно сум во село и си го средувам таванот. Одам на работа и ја игнорирам целата ковид параноја но ги почитувам мерките и се придржувам на нив.

На кој глумец најмногу се восхитувате?

Се разбира Марлон Брандо е икона на која секогаш гледам со восхит
Тука е неповторливиот Ди каприо
И се разбира најголемиот наш и најдобар македонски актер Ристо Шишков.

Повеќе се пронаоѓате во театар или на филм?

Ова прашање уште неможам никому да го одговорам. И филмот и театарот се премногу магични за да можам да изберам. Штета што македонските театарски режисери не видоа талент во мене за да им покажам и докажам колку се пронаоѓам и умеам на сцена. Во однос на филмот и снимањето сум бил доста поактивен во мојата кариера и може да се каже дека повеќе сум се пронашол но не ја заборавајте и пантомимата која прави театар во филм. Е тоа е вистинското пронаоѓање

Омилена филмска реплика?

I’m gonna make him offer he can’t refuse – Марлон Брадо (Godfather)

За која книга може да кажете дека ви го променила животот?

Мартин Идн – Џек Лондон

Најдраго сеќавање од детството?

Играње танго со девојките од четврто два.

Кој е јунакот од вашето детство?

Супермен

Дали и вашите деца ќе одат по стапките на тато, ја сакаат ли глумата?

Моите деца се многу интелегентни.
Иако се на различна возраст и двете пројавуваат интерес за уметност. Дарја постојано танцува додека Дениција е многу смешна и само глуми нешто. Што и да станат нека биде тоа пред се нивна желба не планирам да им наметнувам ништо.

Каква е театарската публика?

Досадна, некомпетентна, критички настроена, проста, невоспитана
Секоја чест на исклучоци што знаат барем да исклучат телефон кога гледаат претстава. Треба уште многу за да имаме пристојна и дисциплинирана публика што нема да се смее само на вулгарни изрази и пцости.

Неостварена желба?

Холивуд

Подобро пееш или свириш гитара?

Подобро свирев порано сега мислам дека подобро пеам

Која улога од досега одиграните ви е омилена?

Максим ми е некако најдрага.

Животно мото?

Живеј за себе и не обрнувај внимание на другите што ќе кажат . Неможе на сите да им се допаѓаш нели.

Како личност која била во самоизолација поради вирус, која е вашата порака до читателите на Гламур.мк?

Би им порачал да се посветат на сега и тука да заборават на вчера и некогаш и да живеат за утре, таму и некаде

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Поврзано

Back to top button